Маркетинг
Телевизија 24 е телевизија која пред 11 години започна да зрачи во македонскиот етер. За 11 години успеавме да создадеме бренд кој котира високо во медиумскиот сектор. 24 Вести е телевизија која ужива најголема доверба кај гледачите, медиумот е добитник на редица награди и признанија, меѓу останатите од ОБСЕ, УНЦХР и ЗНМ. Телевизијата во континуираните мерења од релевантните органи бележи најголема доверба кај гледачите, а телевизијата го доби и признанието „СТУБРЕНД“ бидејќи е медиум преку кој студентите најмногу се информираат. Мотото на 24 Вести е „Информација сега“, a во исто време инсистираме информацијата да биде точна, проверена и потврдена од сите страни. Ние не шпекулираме, новинарите немаат свое толкување за вестите, ниту завземаме страна. Токму поради овие стандарди, амбасадорите од демократските земји, Агенцијата за медиуми и други институции оценија дека 24 Вести е телевизија со најизбалансирано известување.
Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и објективни информации за случувањата во земјата и светот.
Доколку имате потреба од повеќе и подетални информации, како да се огласите на нашиот медиум, слободно и во секое време контактирајте ја маркетинг службата на 24 Вести преку маил на marketing@24vesti.mk или телефонски на 02/60-90-524.
Ние и понатаму ќе бидеме лидери во независното и објективно новинарство и ќе се трудиме да ги опфатиме сите сегменти кои се однесуваат на животот и проблемите на обичниот граѓанин. Воедно се надеваме дека на обострано задоволство ќе продолжиме со досегашната успешна соработка.
Ваша 24 Вести