Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Села: ДУИ заминува во опозиција, демократијата ќе се врати кај Албанцитe


Во Трилинг – како Никоб стана лидер во обезбедувањето? Дали Кирил Лазаров е новиот Мијалков, со линкови до власта и црковниот врв? Зошто од македонските банки без украдени 1о-тина милиони евра? Поефикасна е вакцината, побрзо ќе се стигне до лек, вели професорот Лабачевски.


Екс-министерот Никола Тодоров со сугестија до сопартиците. Опозицијата треба да бара избори веднаш, за да победи. Избори што поскоро. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, кој и да победи, не може сам да се справи со ковид 19 и економската депресија. Никола Тодоров, министер во владите на Груевски самиот си определи период на политичка апстиненција.

Но не е без амбиции, па вели кога би бил лидер на опозицијата веднаш би барал избори, би победил и би составил концентрациона влада. Екс-министерот за образование и здравство во интервју за трилинг вели дека вината не е во луѓето, туку во несовесноста на политичарите, верските водачи и нереалните лидерски амбиции.

„Кога би бил Мицкоски или лидер веднаш во влада би ги повикал противниците”.

Кој ја диктира играта на тронови во ВМРО-ДПМНЕ - актуелниот лидер, унгарскиот клон или се уште неприкосновениот Мијалков? Писателот и сатиричар Божидар Божиновски - Килингтон за Трилинг одговара дека новата нормалност е иста со старата, само со маска. Рапорт од Милано – како градот на модата се буди од корона анастезијата на телото и духот?


Професорот Јордан Шишовски за инфицираниот амбиент на безалтернативноста во изборниот месец. Во Шпанија фазно и постепено враќање на животот по тримесечната вонредна состојба. Страв и радост на улиците од Мадрид. Како слаткарот Дритон стана Таљат од „Преспав“? Зошто писaтелскиот збор не се цени?


Писател, гимназијалец, европолитиколог – за македонската себичност, за судирот меѓу македонскиот и европскиот идентитет, за затвореноста во политичко-економските енклави. Соговорниците се добитници на Европска награда за литература, докторант од престижни универзитети, средношколец со колумни без предрасуди кон лидерските величини. Следува новото време и искушенија, велат во Трилинг.


 

Ако е тој дијалект на бугарскиот, тогаш чиј дијалект е јазикот на нашите соседи? Скопје и Софија ја заострија реториката со поттикнување на нов национализам. Што разговарале шефовите на дипломатиите Захариева и Димитров? Како размислуваат водечките журналисти, Василев во Бугарија и Ризаов во Македонија?

Одговори од новинарот Ерол Ризаов - за популизмот на Пендаровски, за лесните ветувања и тешките предизвици, за потребата од внатрешна европеизација на Северна Македонија.

Владата во Скопје да формира млад, енергичен и способен тим за преговори со ЕУ, сугерира поранешната бугарска вицепремиерка и министерка за правда, Зинаида Златанова.


Зошто во македонско-бугарските коридори повторно влета политиката, која сака да го снема македонизмот и македонскиот јазик? Зошто секој го посовојува Гоце Делчев? Дали е бугарин кој го вградил македонскиот код? Погледи од Скопје и Софија со академик Љупчо Коцарев, професор Митко Панов, Румена Коларова и Љубчо Георгиевски. Владините економски мерки – ќе расте невработеноста. дали ќе банкортираат фирми, што ќе правиме со бранот технолошки вишок? Прашања за вицепремиерката Царовска. Таа се појави во јавноста откако опозицијата праша – каде е Мила?


Кина И САД ќе го поделат светот, ќе расте економскиот  национализмот, ќе се соочиме со растечка автократија, ќе недостигаат ресурси за втор циклус од Ковид 19. За жал се уште сме заробена држава. Ова се дел од проценките и предвидувањата на академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ. Владините мерки соодветствува со капацитетите на здравството и мерките беа навремено преземени. Академик Коцарев демантира дека во МАНУ има разлики околу заедничките историски  настани и личности со Бугарија.

"Во преговорите меѓу историчарите се  зборува со политички, а не сонаучни аргументи", констатира претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев.


Пандемијата ја одлага и посетата на Пендаровски во Ватикан, средбата со папата и деновите на словенската писменост. Велигденски контрасти со километрите на Лозано.