Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со премиерот Зоран Заев


Смена во Белата куќа. Како Бајден ќе ревитализира американската демократија и одржи клучно влијание во светската политика? Софија и Скопје, помеѓу смирени страсти и деликатни преговори. Водечки бугарски новинари за Трилинг, Бојко Василев и Љупчо Нешков. Клиентелизам, државн ресурси за приватни придобивки. Со што ќе се возиме? Време за зелена енергија и во автосообраќајот.


Судска екологија за посигурна правна држава. Големи ветувања или нова фарса? Хируршки рез за корумпираните и компромитирани судии и обвинители или конзервативна и долга терапија? Со аномалиите во македонското правосудство, за спрегата помеѓу судската и политичко-бизнис структурите стартува новата сезона на Трилинг. Долги преговори со ЕУ. Дали бугарската блокада ги поткопува македонските интегративни надежи?

Интервју со Дејан Ѓоршовски, поранешен специјален владин претставник во Брисел.


Во последното издание на Трилинг за оваа година интервју со академик Абдулменаф Беџети, оперскиот тенор Благој Нацоски, новинарот Сунаи Сабриоски.

Во Трилинг и децата од нашето маало Мите и Катерина Драгишевски, средношколците кои се појавија во документарецот „Образование надвор од мрежата“ на Види Вака, гости во последното издание за оваа година.

 

Трилинг со Горазд Чомовски и неговите соговорници, проф. Драги Ѓоргиев претседател на македонската комисија за историски и образовни прашања, Јагода Шахпаска министер за труд и социјална политика, Пако Радовановиќ архитект и проф. Дејан Мираковски проректор на УГД.


Нови македонски искушенија - бугарските уцени, но и предизвиците од светската пост-ковид рецесијата. Заев го раскинува братството со Борисов. Не е европски да му пишувате историја на друг народ. Зошто БАН и МАНУ ги замрзнаа контактите? Академик Таки Фити, поранешен претседател на МАНУ, Андреј Ковачев бугарски европратеник, Јордан Шишовски универзитетски професор, гости во Трилинг.

Тешко ли е да признаете дека имате бугарски корени. Едногласни софиски пораки. Пандемијата не стагнира. Задоцнети нарачки, но забрзано поставување на модуларни кампуси во болниците. 

Во Трилинг и за функционалноста и употребливоста на модуларните болници по завршувањето на пандемијата. И Трилинг ги бара одговорите на новите предизвици.


Може ли да замолкне македонската реч? Ако сме еден народ две држави како што тврди Софија. Зошто тогаш во Бугарија се преведуваат македонски литерати? Антиевропска и агресивна кампања за замрзување на македонскиот евроинтегративен пат. Во НАТО побратими, во ЕУ соперници. Кому одговара апатична и декуражена Македонија?
 
На овие и други прашања, вечерва со проф. Владимир Мартиновски писател бизнисменот Зоран Витанов и Магдалена Лембовска од Еуротинк. Сторија за успешна велешка компанија која од погон за шајќи прерасна во компанија со нови технологоја и промовира возила за чистење со водород.

Македонски-бугарски ринг. Премиерот Заев како да влезе во коцкарска игра-се или ништо. Какви може да бидат последиците од неговиот (не)промислен настап за бугарската новинарска агенција? 

(Не)Свесно ли го омаловажи претседателот Пендаровски со неговата констатација дека е помалку искусен политичар? Дали политиката ќе го отежни процесот преку научната аргументација да се разбијат историските табуа?

Во Трилинг гостуваат универзитетскиот професор и поранешен советник на премиерот Мерсел Биљали, писателот Раде Силјан, Златко Кујунџиски магистар по меѓународна политика.

Штипско Ново Село, на иста калдрма беа куќите на академик Михаило Апостолски и бугарскиот акаденик Тодор Павлов, сторија на Игор Стојанов.


Македонскиот претседател Стево Пендаровски гостин во новото издание на Трилинг. Во фокусот на јавност доминираат две теми македонско-бугарските односи по ветото од Софија на македонскиот пат кон ЕУ справувањето со Ковид 19 по воведувањето на кризна состојба.


Постковид време со нова генерација на умни и образовани. Првенец на генерација на медицинскиот факултет за своите лични и лекарски преокупации. Разговор со д-р Ева Палчевска која студии завршила со просек 9.91, се разговара за иднината на регионот со речник од балканската крчма. 

Дали Софија од главен промотор и подржувач на Македонија, соседот го насочува на слеп колосок, интервју со Илхан Ќучук, известувач за Македонија во ЕП во овие сто денови влада, како да продолжуваат неброени денови со коруптивни скандали. 

Сменета е Лидија Димова, но дали е доволно? До каде се постапките за Ден Дончев и сомневањата за „Рекет 3“ и информациите за вмешаност на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири? 

Интервју со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски - како земјата се справува со корупција и криминалот? 

Гостин во Трилинг Давид Оберхубер - директор на ГИЗ.