Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Пендаровски: Софија нема излезено од политиката на Тодор Живков


Постковид време со нова генерација на умни и образовани. Првенец на генерација на медицинскиот факултет за своите лични и лекарски преокупации. Разговор со д-р Ева Палчевска која студии завршила со просек 9.91, се разговара за иднината на регионот со речник од балканската крчма. 

Дали Софија од главен промотор и подржувач на Македонија, соседот го насочува на слеп колосок, интервју со Илхан Ќучук, известувач за Македонија во ЕП во овие сто денови влада, како да продолжуваат неброени денови со коруптивни скандали. 

Сменета е Лидија Димова, но дали е доволно? До каде се постапките за Ден Дончев и сомневањата за „Рекет 3“ и информациите за вмешаност на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири? 

Интервју со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски - како земјата се справува со корупција и криминалот? 

Гостин во Трилинг Давид Оберхубер - директор на ГИЗ.


Во Трилинг, интервју со Марјан Ѓорчев, поранешниот македонски амбасадор во Бугарија и Никица Корубин, магистар по археологија. Ексклузивно за Трилинг разговараме со еден од најафирмираните бугарски новинари Георги Коритаров, автор и водител на емисијата „Слободна зона" и универзитетскиот професор и филолог, Николаи Палашев.

Трескавични контакти Берлин-Софија-Скопје. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Одговор од Скопје - таквата реторика е глас од минатото. Дали Груевски се враќа во Скопје со античкото потекло на Македонците? Бугарски погледи кон македонизмот. Студии по македонски и албански. Како да се зборува и разбираме? Тв колумна на албанологот и професорот на УКИМ Ајтене Ќамили.


Карантин во Франција, шок во Германија. Словенија е пред колапс, Прага е блокирна од вирусот. Во Скопје исчекување. Пандемијата го нападна животот и го донесе стравот. Каде се греши - во превенцијата или лекувањето. Борба за сегашноста и размисли за иднината. Никој веќе не глуми. Животот е театар. Актерство е кога на умрениот му звони телефон.


Мане Јаковлевски - „Вмровски расцепи и игра на тронови. По Георгиевски, Груевски, Мицкоски, кој е следниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ? Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција. Мафијашки кланови. Кој е Капо ди тути капи? Гостиварчанката д-р Хатије Исмаили е најдобар доктор во Словенија.


Монолози кај историчарите - полемики меѓу политичарите. Софија и Скопје во клинч. Зошто се проблематизираат етничките белези? Една порта – два влеза за патриотизам и национализам. Кака да се сака државата? Интервју со директорот на бугарската новинска агенција Бгнес и социологот и универзитетски професор Иљо Трајковски македонскиот јазик не влегува на факултет?

Нема студенти, нема научен подмладок. Интервју со проф. Искра Пановска од Филолошкиот факултет во гардот под исарот напролет нов изборен мегдан на власта и опозицијата.

Кој ќе го замени Бочварски? Какви се шансите на Апасиев Левицата како парламентарно изненадување? Хроника од Штип.

Заврши синодот на цариградска патријаршија. Целосен молк за подгреаниот оптимизам дека Вартоломеј ќе го примени укаринското сцеанрио во признавањето на самостојноста на МПЦ во православниот свет. Уште во најавите стигна и сугестиите. Интегрирајте се прво дома. Што станува со судбината на црквата на Јован Вранишковски и дали македонските власти ќе ја реализираат одлуката на судот во Стразбур за нејзина легализација? Тв колумна на отец Давид Нинов од ПОА


Македонската економијата во рецесија, галопирачко задолжување како и кога може да се очекува заздравување на економијата? Интервју тв колумна на универзитетскиот професор Марјан Бојаџиев.

Галопира бројот на заразени од Ковид 19. Вакцина и лекови. Каква превенција и лекување? Интервју со проф. д-р Александра Грозданова, од Фармацевтскиот факултет и претседател на Националниот комитет за имунизација.

Кафулињата, баровите и свадбарите не почитуваат никого. Зошто не се во затвор моќните газди и организатори на лудите забави? Дали е оформена караоке мафија, со дрога и ескорт дами? На овие и други прашања интервју со Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Гасовод од Турција и Грција, нафтовод од Солун. Дали Американците ја стабилизираат позицијата на Северна Македонија? Разговор со поранешниот македонски амбасадор во Грција, Љупчо Арсовски.


Интервјуа со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, Костадин Богданов, поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и македонски застапник во Европскиот суд за човекови права и Тодор Стојчевски, директор на агенцијата за односи со јавност Chapter4 и докторант на факултетот за медиуми во Љубљана. ТВ колумна на универзитетскиот професор Трајче Стојанов.


Федерализација на економијата. Вработувања по етнички клуч во компаниите, ММФ со песимистички предвидувања - рецесијата ќе се продлабочува. Следува ребаланс на Буџетот и нови задолжувања. Дали новиот пакет антикризни мерки ќе биде доволен за санација на штетите кои компаниите ги трпат од пандемијата? Без попис нема држава. Дали идната година конечно ќе имаме јасна демографска слика колку граѓани живеат во Македонија? 

Ковид настава. Дигитализацијата е предизвик за ново време. 

Во Трилинг гостуваат: Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, Кристијан Фидановски, докторант на „Оксфорд универзитетот“, Лиса Баута Шакири, магистар по правни науки, проф. Боро Јакимовски - продекан на ФИНКИ, Мишко Џидров - проректор на ГДУ и Мите Кузевски од порталот „Види вака“.


Има професии и личности кои стануваат прототип на вирусот. Тие се новите ликови за природната вакцина на ова драматично време. Договор за пријателство со непријателски мини. Што сака Софија, што не може Скопје? Ковид творештво од стихови до стрит култура.