Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Со Владо Јаневски, втор дел


Мислиме дека е наш, па знаеме скоро се за него. Но, дали е така? За детските желби. За влезот во музиката. И реакцијата на родителите. За авантуристичкиот дух. И за ивото кој си тера по свое и не не прашува. Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Владо Јаневски.


Вообичаено, тој е оној кој поставува прашања, но во Патот до успехот, тој ќе одговара на прашања без цензура. Александар Станковиќ, новинар, водител на култната хрватска емисија „Недела во два“. Како се доживува себе си? За страста на две тркала. И адреналинот после емисија. Патот до успехот со Александар Станковиќ


Уште една актерска легенда се запишува во овој серијал. Со преку 90 улоги во филмови. Милан Штрлиќ е оптимист, но реалист. За кичот и парите кои секогаш одат заедно. За некогаш. Во понеделник, пријатен муабет со познатиот лик од секој југословенски филм. Милан Штрлиќ во Патот до успехот


Во уметничкото досие на Патот до успехот, се запишува уште една музичка легенда, Здравко Шкендер. Како започнало се? За најтешката борба во животот. За челичната волја за живот. За телефонскиот повик на најпознатиот менаџер на југословенските простори. За љубовта од македонската публика.


Денеска ни гостува хрватскиот актер Зијад Грачиќ. За пропустот на академијата во Белград. Многу испишани страници за подготовка на улогите. За односот со неговите Босанци. За организацијата како слаба точка на земјите од бишата Југославија. Во патот до успехот  муабетиме со Зијад Грачиќ.


Се јавуваме од Александрија, Италија. Ви ја претставуваме бизнис приказната за компанијата Фелче Азура. И додека кај нас во 1876 година се креваа востанија, ова семејство ја отвора првата парфимерија. Семејната бизнис приказна ја раскажуваат двете братучетки Барбара и Дебора Пајери. Петата генерација на сопственици на компанијата.


Кошаркарски ас во Патот до успехот. Живот посветен на кошарката. Талент од 2.11м. За поддршката од семејството. Еден од европските пионери во НБА. За дисциплината која сам си ја поставил. Тој и кошарката. Во Патот до успехот, легендарниот Дино Раѓа, спортски задолжително.


Актерската дива со комплетна убавина, ни гостува во Патот до успехот. На самиот почеток, едно преиспитување. Едно малку поинакво интервју. Помалку за кариерата, повеќе за животот. За договорот со сестра и. За спомените кои ја радуваат. За здравиот однос кон политичарите.