Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Со Милојко Пантиќ, втор дел


Препознатливиот глас на спортските случувања во заедничката земја, познатиот српски спортски новинар Милојко Пантиќ не дочекува подготвен. Човек кој има многу што да каже на разни теми. За неоставената првична желба и за денешните стандард и на спортското известување. За инвентивните методи во работата. За кратката фудбалска кариера.


Одиме во Загреб да се сретнеме со Нина Бадриќ. Пријатен и опуштен муабет со Нина, која се уште ја носи игривоста на дете во себе. За преодреденоста за музиката., препознаена од нејзиниот идол. За ѕвездата која накратко е појави на овие простори. За колешката од странство, која конечно ги промени правилата на игра. Сосема непосредно со Нина Бадриќ во Патот на успехот.


Еден од најдобрите и најпознатите српски актери, Бранислав Лечиќ. Покрај уметноста, зборуваме и за политиката на Балканот, која е наша судбина. Бранислав Лечиќ во Патот до успехот,


Остануваме во рокерско расположение, Ѓуле Ван Гог, отворен на разни теми. За генерацискиот јаз. За разликата во музичките стилови. За дрскоста и сигурноста во себе. Помеѓу левата и десната, постои и некоја поважна идеологија. Музика и само музика со Ѓуле во Патот до успехот.


Рокерска средба во Патот до успехот. Влегуваме во студиото на фронтменот на Ван Гог, Звонимир Ѓукиќ Ѓуле. Пречек со музика и нешто што се вика вангоговача. За почетоците со музиката како дете. За леснотијата за напуштањето на работите. За магијата на македонското девојче. На разни теми со Ѓуле, само во Патот до успехот


Продолжуваме каде застанавме. Како настанале текстовите на Ластовица. За младоста и храброста што ја носи. За заминувањето во Русија. За гласините пред социјалните мрежи. Во Патот до успехот, искрен поглед наназад со Владо Јаневски.


Мислиме дека е наш, па знаеме скоро се за него. Но, дали е така? За детските желби. За влезот во музиката. И реакцијата на родителите. За авантуристичкиот дух. И за ивото кој си тера по свое и не не прашува. Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Владо Јаневски.


Вообичаено, тој е оној кој поставува прашања, но во Патот до успехот, тој ќе одговара на прашања без цензура. Александар Станковиќ, новинар, водител на култната хрватска емисија „Недела во два“. Како се доживува себе си? За страста на две тркала. И адреналинот после емисија. Патот до успехот со Александар Станковиќ


Уште една актерска легенда се запишува во овој серијал. Со преку 90 улоги во филмови. Милан Штрлиќ е оптимист, но реалист. За кичот и парите кои секогаш одат заедно. За некогаш. Во понеделник, пријатен муабет со познатиот лик од секој југословенски филм. Милан Штрлиќ во Патот до успехот