Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Со Масимо Савиќ


Имаме чест со една посебна дама која долго години чекори по патот на успехот. Добрила Ивановска Чабриќ од актерските почетоци со нашите големи легенди. Патот низ светот. За леснотијата да се живее. За славата после 30 годишната пауза. Времеплов со неверојатната Доби и по нешто за тајната на вечната младост.


Втор дел од муабетот со Сергеј Трифуновиќ. За улогите во Холивуд. За изборот да остане во Србија. За политичкиот ангажман и кратка анализа на нашата политичка сцена.


По фасцинантното семејство лекари, во Белград се сретнавме и со еден од најпознатите српски актери Сергеј Трифуновиќ. На негов домашен терен, во прилично опуштено издание, Сергеј ни зборува за своите почетоци во актерството. За суштината на професијата. Но и височините кои се уште ги постигнува. По нешто и за Маршалот.

Продолжуваме со вториот дел од разговорот со Ферус Мустафов. За музиката денес. И помалку за жените. Еден од нашите најголеми музичари, Ферус Мустафов во Патот до успехот, втор дел.


Кралот на саксофонот во Патот до успехот. Како започнало се. за нескротливата страст за кларинет. За неговиот татко, познатиот музичар Илми. Подготвен на се за музиката. Цело семејство музичари. Но кралот е само еден. Ферус Мустафов во Патот до успехот.

Ексклузива во Патот до успехот, пред настап разговараме со планетарно познатиот инди поп рок бенд, Питер, Бјорн и Џон. Како настанала нивната најпозната песна? Односот на родителите кон избраната професија кои и не е така различен од родителите на Балканот.


Продолжуваме кадешто застанавме Работи кој не сте ги знаеле за Неша „Галија“. За животот во болницата. За воспитувањето на децата. За музиката која не ја слуша. Совет за некои од нашите музичари. Интервју и музиката за душа со Неша „Галија“.