Емисии Емисии Емисии Емисии Македонија Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Неделен микс


Најновото издание на емисијата Неделен микс беше исполнето со теми од областа на музиката и книжевноста.

Во пресрет на Мајските оперски вечери, нашата колешка Марија Латиновска беше на проба во Националната опера и балет каде разговараше со солистите од операта “Норма” која премиерно ќе биде изведена на 9ти мај.

Драматургот Катерина Момева ни кажа како изгледал процесот на создавање на нејзината најнова книга.


Три барања за одобрение за градба, осум барања за одобрувања на идејни проекти како и 31 предмет за земјиште од кои 25 се однесуваат за откуп на земјиште под објекти, како и 6 барања за дооформување на парцели ваква е состојбата моментално на локацијата на поранешна фабрика Треска каде што изби пожар.

Градоначалникот на општина Центар, Горан герасимовски вели дека прво нешто што треба да се направи кај фабрика Треска е да се отстранат објектите за да се расчисти теренот. 

Додека се чека расчистување на теренот на поранешната фабрика утрово нов пожар  за што пожарникарите  веднаш реагирале. 

Во случајот со фабриката Треска каде има приватна, државна и мешана сосптвеност, инвеститорите, претходно, поднесоа дваесеттина барања за окрупнување на парцелите преку откуп на државно земјиште но и идејни решенија, општината пак не ги прифати идеите на инвеститорите па посегна по суспензија која беше отфрлена од Министерство за транспорт и врски. 

Инвеститорите за ТВ24 претходно изјавија дека ќе градат со усул, 18 згради во три блокови со 20 отсто зеленило повикувајќи се на моментално важешкиот ДУП. 


Денешниот неделен микс беше исполнет со театарска, музичка и книжевна уметност. По повод премиерата на претставата „Моето име е Горан Стефановски“, Марија Латиновска зборуваше со дел од екипата.

Вања Ѓумар Николовски истакна колку е важно младите да се едуцираат за класичната музика, но и за неговите ангажмани како диригент и композитор.

Професорската дејност, поезијата и македонскиот јазик беа дел од темите кои ги дискутиравме со професорот Владимир Мартиновски


Вистински микс на теми имавме во најновото издание на Неделен микс. Разговаравме со музичкиот новинар и публицист Тошо Филиповски за рок музиката во Македонија.

Со новинарот и филмскиот критичар, Влатко Галевски, зборувавме за филмот како уметност, но и за претстојните доделувања на наградите Оскар.

Со Дејан Недев, нашиот најуспешен каратист, зборувавме за неговите почетоци, но и за успеси на европските и светските првенства.


Кои се основните еко проблеми со кои се соочуваме моментално и како да бидеме по грижливи кон животната средина:

Кристијан Шемкоски раскажа дали им годи животот на село, откако одлучиле живеењето во Австралија, да го заменат со оној во селото Зрзе каде имаат своја фарма на која одгледуваат кокошки и колку е битно да се јадат домашни, органски јајца.

Со Ева Скендеровска, пак, зборувавме за нејзините театарски улоги и ангажмани.


 Гости Јасмина Јонуз психолог и Катерина Шехтанска актерка.