Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Зошто е потребен регистар за онлајн медиуми?


Во ова издание на „Коментар“ ги одбележуваме 98-те години од раѓањето на наддржавниот авторитет во своето време, граматичарот Блаже Конески и 65-те години од Граматиката на Конески и нејзиното практично остварување преку Институтот за македонски јазик, низ неговите мисла и дело кои своето плодоуживање го продолжуваат низ фондацијата „Небрегово“ и нејзините програмски активности и издавачката дејност.

Гости по овој повод се единствениот жив македонист од првата генерација, професорот Трајко Стаматоски – претседател на фондацијата „Небрегово“, научната советничка во Институтот за македонски јазик, професорката Снежана Веновска Антевска и професорот Атанас Конески – секретат на фондацијата „Небрегово“ и автор на ковчежето со мудрости „Вдахновенија“.


Во новата епизода на „Коментар“ - разорните земјотреси во Албанија ги исфрлија на површина сплотеноста и чувството за солидарност на територија каква што е Балканот – каде секој секому нешто забележува и секој во даден момент бил дискриминиран. Но, Драч и Тумане посочија дека можеме да живееме заедно. Колку религијата игра улога во пружањето помош на тие на кои им е најпотребна, за време на криза? Дали жените кои носат марами во општеството, освен што во дел од јавните објекти им е оневозможен пристапот поради тоа, имаат проблем при остварувањето на својата хуманитарна работа?

Во „Коментар“, гостинки се активистките за човекови права - Мерсиха Смаиловиќ од НВО „Легис“, Мерал Мусли Тајроска од организацијата „Жени без граници“ и Санела Качику Каришик од НВО „Еду Ниса“.

 


Младите дебатери ја анализираат состојбата со комуникацијата во јавноста, пред гледачите, пред публиката. Дискурсот во јавната дебата, експертите по сите медиуми, ставовите на средношколците и на студентите. За тоа како се однесуваат пратениците во Собранието, но и што очекувале од пр службите по промената на власта. Дали денес работите се само навидум променети во односите со јавноста? Кои се новите начини на комуникација меѓу младите?

Во Коментар гостуваат дебатерите од Младинскиот образовен форум, Теодора Столевска, Марија Филиповска и Ванѓел Ѓорѓиев.


Во новата епизода ќе разговараме со Натали Петровска извршната директорка на Коалиција, Сите за правично судење.

За судските процеси во Македонија, за застарувањата на делата, за законите препишани од европската регулатива, кои од судската власт некои си ги манипулираат во полза на функционерите, наспроти граѓаните.


Каде после ова? Кој пат да го фаќа Македонија во надворешната, а што да прави со себеси при внатрешната политика? Историски застој, продолжение на сагата, сизифови маки со каменот кој одблиску доаѓа (или, пак, не?) и потребата од консолидација, која може и да ја нема? Дали Владата е мртва, а доколку не е, како да продолжи да живее?

Гости во вечерашното издание на #Коментар се универзитетскиот професор, Љубомир Д. Фрчкоски и поранешната претседателка на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова.


„Путиновите сведоци“ – филм кој го прикажува Владимир Путин во сосема поразлично светло. Неговиот подем кон врвот на Руската Федерација, по оставката на Борис Јелцин. Бомбардирањата на станбените згради, промената на Химната, целата екипа од која денес околу него е останат само Дмитриј Медведев. Кој бил Путин, пред да стане тој кој ние денес го знаеме. Гостин во „Коментар“, неговиот сведок при подемот – режисерот Витали Мански.


Климатските промени се новата дебата на светските сили. Некои се повлекуваат од борбата, некои се силат, но, сите сакаат да ја подобриме животната средина, особено откако ни се истопија милиони тони мраз, а ни изгореа и сериозни шумски површини. Зошто политиката ја стави во спин-машината и Грета Тунберг, откако покрена цело движење за спас на Земјината топка?

Во „Коментар со Огнен Јанески“ во фокус се климатските промени. Гостува проф. д-р Димитар Димитров.