Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Како се распределуваат сретствата за годишните програми на фолклорните друштва?


„Не се плашев! Сакав да ја видам нивната реакција, кога ќе излезам облечен како жена.“ Божо Вреќо – фасцинантниот уметник кој го предизвикува мачоистичкиот Балкан со својата уметност, преку која севдалинката ја враќа на пиедесталот, насекаде низ светот. Божо Вреќо, човекот кој зборува отворено и искрено за себе, за своето издигнување, за дуалноста на неговата душа која зрачи со машка и со женска енергија, за хиперпродукцијата на кичот и шундот на кои им се спротиставува...

Божо Вреќо е гостин во специјалното издание на „Коментар“ со Огнен Јанески, на Телевизија 24.


Војна и мир во македонското Собрание. Дали на празникот на љубовта Заев ќе ја раскине коалицијата со Ахмети? Вчера закани, а денеска помирувачки тонови. Судир во Владата – нови судири и во опозицијата! Кој кому ќе му го закрои лозјето во пресрет на распуштањето на Собранието в недела? Седницата за Законот за јавното обвинителство почна со тензии, обвинувања и со обиди за пуштање бомби од говорница.

Во „Коментар“, со Огнен Јанески анализираат универзитетскиот професор, Љубомир Фрчкоски и политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.


Во пресрет на Оскарите в недела, „Медена земја" е најголемата меѓународна гордост на земјава во изминатата година. Ликот на Атиџе Муратова стана дневна тема за восклик кај сите. Турскиот јазик, кој и' е мајчин го обновува својот подем во културата кај нас дури и кај тие кои не изгледале ни претстава на турски, па така во преден план ја става суштината на постоењето на уметноста - дека без разлика на јазикот, таа допира до сечие срце и го развива умот кон непознатото. За турскиот јазик во македонската драмска уметност, за неговото одржување во културата, за Турскиот театар во Македонија кој годинава одбележува 70 години постоење и за зградата која почна да се гради во 2014-та, а која е во застој поради немањето пари.

За сето ова и за многу повеќе, во студиото на „Коментар" со Огнен Јанески, гостуваат директорката на Националната установа Турски театар - Скопје, Несрин Таир, актерката Емине Халил, како и актерите Џенап Самет и Неат Али.


Според досегашниот тек на политичките случувања во пресрет на изборите во април, Договорот од Преспа ќе биде главен адут на кампањите. Актуелната македонска, слично како и претходната грчка опозиција која сега е на власт, зборува за негово ревидирање или повторно преговарање. Што означува овој Договор за соработката меѓу двете земји, особено со фокус на политичката, но и за соработката во полето на економијата, културата, науката, спортот и образованието, а особено за младите соседи кои допрва треба да почнат да соработуваат меѓу себе?

Во „Коментар“ со Огнен Јанески, гостуваат членот на Управниот одбор на УНЕСКО Младинскиот клуб – Солун, Харалампиос Папајоану, заедно со претседателот на „Младински сојуз - Крушево“, Методија Стојчески, како и пратеничките Јулиана Николова и Ивана Туфегџиќ.


Бананите, јогуртот и месото ја разбрануваа јавноста, откако Младинскиот образовен форум го објави истражувањето за состојбата на станарите во Државниот студентски дом „Скопје“.
Што јадат, или што јаделе студентите во домовите? Дел од нив во анкетите посочуваат задоволство од исхраната, а од управата велат дека анализата се однесува на периодот пред тие да ја преземат одговорноста. Дел од граѓаните во контактните емисии, пак, реагираат на политизација во пресрет на предизборниот период.

Во новото издание на „Коментар“ ги соочуваме аргументите на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, Дарио Николовски и на истражувачите од Младинскиот образовен форум, Стефани Спировска и Петар Барлаковски.


Во првото издание за оваа година, заедно со три жени директно и индиректно поврзани со спортот разговараме за жените во спортот, за родовата еднаквост во спортот и за новинарките кои известуваат за спортот кај нас.

Гости се новинарката во спортската редакција на ТВ 24, Ивана Митровска, претседателката на невладината TAKT - Together Advancing Common Trust која ја организираше манифестацијата „Вечер на жени во спортот“, Силвија Митевска и каратистката и добитничка на наградите „Спортистка на годината 2019“ (во организација на Агенцијата за млади и спорт) и „Најдобра спортистка во индивидуален спорт 2019“ (во организација на ТАКТ), Пуликсенија Јовановска.


Гости се Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ и Зоран Јовановски, новинар во 360 степени.


Во ова издание на „Коментар“ ги одбележуваме 98-те години од раѓањето на наддржавниот авторитет во своето време, граматичарот Блаже Конески и 65-те години од Граматиката на Конески и нејзиното практично остварување преку Институтот за македонски јазик, низ неговите мисла и дело кои своето плодоуживање го продолжуваат низ фондацијата „Небрегово“ и нејзините програмски активности и издавачката дејност.

Гости по овој повод се единствениот жив македонист од првата генерација, професорот Трајко Стаматоски – претседател на фондацијата „Небрегово“, научната советничка во Институтот за македонски јазик, професорката Снежана Веновска Антевска и професорот Атанас Конески – секретат на фондацијата „Небрегово“ и автор на ковчежето со мудрости „Вдахновенија“.