Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Разговор со Натали Петровска извршна директорка на Коалиција, Сите за правично судење


Каде после ова? Кој пат да го фаќа Македонија во надворешната, а што да прави со себеси при внатрешната политика? Историски застој, продолжение на сагата, сизифови маки со каменот кој одблиску доаѓа (или, пак, не?) и потребата од консолидација, која може и да ја нема? Дали Владата е мртва, а доколку не е, како да продолжи да живее?

Гости во вечерашното издание на #Коментар се универзитетскиот професор, Љубомир Д. Фрчкоски и поранешната претседателка на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова.


„Путиновите сведоци“ – филм кој го прикажува Владимир Путин во сосема поразлично светло. Неговиот подем кон врвот на Руската Федерација, по оставката на Борис Јелцин. Бомбардирањата на станбените згради, промената на Химната, целата екипа од која денес околу него е останат само Дмитриј Медведев. Кој бил Путин, пред да стане тој кој ние денес го знаеме. Гостин во „Коментар“, неговиот сведок при подемот – режисерот Витали Мански.


Климатските промени се новата дебата на светските сили. Некои се повлекуваат од борбата, некои се силат, но, сите сакаат да ја подобриме животната средина, особено откако ни се истопија милиони тони мраз, а ни изгореа и сериозни шумски површини. Зошто политиката ја стави во спин-машината и Грета Тунберг, откако покрена цело движење за спас на Земјината топка?

Во „Коментар со Огнен Јанески“ во фокус се климатските промени. Гостува проф. д-р Димитар Димитров.


Зошто нема особен напредок во реформите во медиумите? Кои ги кочи процесите? Македонија е пофалена од Европската комисија за своевидно подобрување, но има уште многу за да се сработи. Дали власта воопшто има намера да се впушти во реформа на јавниот сервис МРТВ во моменти додека се бори лажните вести и дезинформациите? Се плаши ли власта од губење на гласови за следните избори доколку чепне кај тие кои земаат плата од буџетот, а не одат на работа? 

Во првото издание на Коментар со Огнен Јанески, гостува министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.