Емисии Емисии Емисии Емисии Македонија Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Богданов: Ако ВМРО-ДПМНЕ не победи на изборите, неопходни ќе бидат внатрепартиски промени


Како ќе се реализира политичкото и безбедносно прочистување кои подгреваат анти НАТО расположение? Добредојде за НАТО, довидување за името Република Македонија. Дали тоа ќе биде мотив за следниот претседателски судир? Можеа ли Црвенковски и Иванов да ги совладаат своите суети?


Завршил факултет како борба со лошото во животот, урбаното го привлекува, но градот го отфрла без работа, мотиви и надеж. Биографијата на Драган Стефановски како сторија за децата без родители. Дали постои домашна берза и странска мафија за посвојување на напуштените деца од Македонија. Дали се менува социјалната политика на гетоизација на генерациите што родителите ги заборавиле? Каков е психолошкиот шок за детето и идното семејство? Фактор магазин во потрага по ефектите од згрижување на децата без родители.


Предвремени парламентарни избори во моментов воопшто не и се потребни на Македонија,vоценува Светомир Шкариќ. Проценките на професорот по уставно право се дека многу тешко ќе се обезбеди потребниот цензус за претседателски избори. Интервју со проф. Шкариќ во кое тој зборува за промената на името, уставни измени, каков профил на кандидат за претседател и е потребен на Македонија.


Предвремени парламентарни избори во моментов воопшто не и се потребни на Македонија,vоценува Светомир Шкариќ. Проценките на професорот по уставно право се дека многу тешко ќе се обезбеди потребниот цензус за претседателски избори. Интервјуто со проф. Шкариќ во кое тој зборува за промената на името, уставни измени, каков профил на кандидат за претседател и е потребен на Македонија


Изминува мандатот на претседателот Ѓорѓе Иванов Кој ќе се всели во резиденцијата на Водно, се уште неизвесно. Дилемата најмалку е персонална. Се тестира идејата за избор на избор на коалиција меѓу Македонците и Албанците за идниот шеф на државата. Дали се неопходни и парламентарни избори? Кога Заев ке замине од Илинденска бр. 2? Првиот пасош на Република Северна Македонија на албански ќе го земе лидерот на СДСМ. Албанците во јазична експанзија. На овие и други прашања и дилеми разговор со Атанас Кировски главен и одговорен уредник на Телма, Огнен Јанески главен и одговорен уредник на тв24, Васко Попетревски автор и водител на емисијата 360 степени и Лирим Дулови од весникот Коха. Македонците си го девалвираат својот мајчин јазик. Интервју со д-р Борче Арсов од институтот за македонски јазик.


Признавањето на автокефалноста на МПЦ побрзо би се одвивала доколку биде надминат македонско-грчкиот спор околу разликите за името. Дали по името, во Атина ќе се деблокира и признавањето на македонската црква во светот на православието? Недела на македонски поделби. Зошто јазиците не се богатство од нашата традиција и новото цивилно општество?


Заев и Ципрас си играат шаховски меч, уставни промени во Скопје, ратификација на Договорот од Преспа во Атина. Една од најделикатните фази беше амнестијата за 27 април, дали со неа е замрзната правната држава? Во фазата на кандидирање или самопромоции за наследникот во претседателската резиденција во јавноста невообичаено многу жени. Има ли амбиент за консензуален кандидат за иден шеф на државата?


Политиката и натаму врши притисок врз судството. Амнестијата го урива скромниот авторитет на чуварите на правдата. Зошто на евросудијата и се затвораат вратите во Македонија? Македонија и наредната година во лавиринт на желбите и патилата. Интервју со Mирјана Лазарова Трајковска поранешен судија во Европскиот суд за човекови права. Дали долгогодишниот судија и поранешен претседател на ДИК би прифатила да биде претседателски кандидат? Дали со амнестијата и промените во кривичниот законик се врши упад во судството? Разговор со акад. Луан Старова и универзитетскиот професор Владимир Мартиновски.


Во Германија и САД, уставниот суд и други институции, не се лоцирани во метрополата. Македонија како мегалополис, интригантен проект на професорот од Американ колеџ, Марјан Бојаџиев. Дали Битола, Охрид, Штип, Тетово, Куманово можат да го намалат притисокот кон главниот град и владата? Има ли Македонија магистрали за да се живее во Велес, да се работи во Битола, од Тетово во Штип. За идејата на владата да се пресели и некои агенции, управи и судови, од центарот да се префлат кон предградијата на метрополата.