Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Што ќе биде поголем неуспех да не избереме претседател или да не добиеме датум за преговори со ЕУ?


Кои се причините за нискиот одзив во првиот претседателски круг, иселувањето, лошите владини политики или сосема нешто трето? Дали идната година ќе се спроведе пописот или ќе има ново пролонгирање? Можно ли е пропаѓање на претседателските избори? Примена пораката за сдмовците, дали од Груевски вирусот за корупцијата и криминалот ја зарази и оваа влада?

Интервју со Апостол Симовски директор на ДЗС.

 


Препораката за почеток на преговори најверојатно ќе биде одложена за наесен. Франција и натаму со резерви околу исполнетите. Законот за СЈО од круцијална важност и тоа како ќе протече изборниот ден за избор на претседател се од суштинска важност. Интервју со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.


Холандија и понатаму со резерви околу македонските реформски процеси и добивањето на датум за почеток на преговорите со Европската Унија. СЈО мора да ја продолжи работата за она за што беше формирано. Политиката влезе низ прозорците во спалните. Зошто им робуваме на политичарите и нивните памфлети? Досадна кампања и резерви кон интегративните капацитети на тројцата претседателски кандидати.


Еден ден по селфи во Скопје и еден месец пред дијалог под Акропол во Атина. Заев и Ципрас во нова офанзива против балканските интриги и недоверби. Како ќе се спојуваат минатото и иднината? Изборите и политиката како траума или состојба на духот. Дали ни треба колективна терапија за самодоверба?


Стејт Департментот откри квинтетот од судии кои се бедем во одбраната на предходниот режим. Зошто претседателот на Врховниот суд останува недофатлив за советот на судии? Новите антикорупционери ќе распрашуваат како Вангеловски го купил моќниот мерцедес. Дали се тоа периферни симболи на моќта на делителите на правда? Со Караџовски и за дефинициите за сваровски или Кацарска или превара судство. Интервју на Горазд Чомовски со претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски


Се подготвуваат измени во законот за обвинителство Какво решение за СЈО, како тоа да стане дел од редовното обвинителство. Дали по судските одлуки за 27ми алрил, можна е повторна амнестија?
Интервју со Вилма Русковска шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Реформи во тајните полиции, домашни и странски разузнавачи учесници во собранискиот пуч, контраразузнавачи регрутирани од подземјето. Како да се направи прочистување на политичко - партискиот УБК? Од задоволство и еуфорија од формирањето на СЈО до револт од работата на специјалните обвинители, дали Катица Јанева ќе ја доживее истата судбина како романската обвинителка, Колеши? Како и со кого против криминалот во високите кругови?


СЈО не ги исполни очекувањата. Опозицијата бара нов државен обвинител. Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ очекува претседателските избори да го регистрираат растечкото антивладино расположение тројцата ривали за шеф на државата за нивните приоритети и стратешките правци на надворешната политика говореа во серијата дијалози со Горазд Чомовски.


За прв пат македонско-албанска изборна коалиција, со заеднички претседателски кандидат. Заев и Ахмети го отвораат деблокираат патот и за заедничка кампања. Дали договорот за заеднички настап, го покрива скандалот со имунитетот? Дали лидерскиот компромис му пресуди на СЈО и битката со криминалот од периодот на владата на Груевски? Дали клиетализмот во актуелната власт ќе се покрие со логиката - ВМРО-ДПМНЕ го партизираше и клановски поврза јавниот сектор. Интервју со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.