Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Јошевска: Проблематична е понудата за амнестијата, Маршавелски: Невозможна мисија е екстрадиција на Груевски


Како да се помириме со луѓето што направија зло? Дали помилувањето повторно ќе ја оживее селективната правда? Во времето на ВМРО-ДПМНЕ sваровски судството го функциоnираше според тефтертчето на Jанкулоска и желбите на Mијалков. Дали сега судство носи одлuки исклучиво по според докази или според лична проценка на одредени судии и по налог на власта? Бегството на Груевски како анамнеза на неспособните во македонската јавна и тајна полиција? Кои институции потфрлија за да се случи? Бегството на Груевски, или одредени центри на моќ го овозможија на екс премиер да да ја напушти земјата. Дали Груевски со логистичка поддршка од МВР и избега на правдата? Македонската црква во профитибилни бизниси. Дали нејзинот поглавар станува миленик и на оваа влада?


На почетокот од 19-тиот век голем иселенички бран од Македонија, дали по еден век современиот егзодус со нова социјална и демографска драма? Заминуваат и старо и младо, лекари, работници, инженери, монтери, ѕидари, програмери. На германскиот пазар на труд има недостиг од најмалку 1 милион работници. Објавуваме аларм за берзата на трудот, сега, за да не биде предоцна. 


Заминав, за да се вратам. Реплика од необјавено интервју со Никола Груевски. Кој и зошто ги игнорираше сериозните индиции за кукавичкиот чин на експремиерот? Може да дојде и до пресврт во судењето за собранискиот пуч до помали казни на извршителите, ако признаат дека Груевски е менторот на превратот од 27ми април. Ова е политички договор, вината е кај МВР, каде морале да знаат или пропустите да ги спречат.


Распарчени меѓу историјата и поделбите, како да живееме во сегашноста, помирно, потрезвено, поспокојно, побогато? Режисерот кој создава аплаузи го оценува феноменот на тандемот Заев - Ципрас. Бизнисмените конзервативни кон балансот за социјална еднаквост. Демант без демант, како и кога политичарите забораваат што рекле?


Женски пуч во ВМРО-ДПМНЕ. И дел од јуниорите на опозицијата се против лидерот. Дали Мијалков е инспиратор на оваа внатрепартиска битка? Како ВМРО-ДПМНЕ ќе се консолидира откако по Преспанскиот договор беше изолирирана од странците и сестринските десни партии во Европа? Влијателни политичари говорат и за амнестијата и за помирувањето. Колумна на писателот Митко Гогов во срцето на Струмица. Фактор - магазин ве доближува до разликите.