Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

ЕвропаТ


На календарот на месец ноември, Македонија со црни букви го обележа 23ти - страотна сообраќајна несреќа на македонски автобус, кој се запали на автопат во Бугарија. 45те мртви, јагленосани тела на македонски граѓани, ги спуштија знамињата на половина копје и ја однесоа државата во жалост. Кој е виновен ? Пред одговорна задача се бугарските власти, кои со помош на македонските институции треба да спроведат истрага и вештачења за да се откријат причините за најтешката автобуска несреќа во Европа во последните 10 години. Скопје и Софија и покрај недоразбирањата на политички план, ги подадоа рацете за заеднички да дејствуваат во име на вистината.


Пофалби и критики - новиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, ја поттчукна Македонија по рамо за добро спроведената работа и ја остави повторно во надежи  да чека датум за преговори со ЕУ. Дали декември е реален за старт на преговори и колку позитивниот извештај без акција, влијае на вредноста на документот во земјата? На патот кон реформскиот процес за подобар живот, каде исчекоривме, а каде потфрливме?


Европско помирување и меѓусоседски предрасуди. На грбот на старата дама многу спорови оставија печат. Кои искуства ги делат Загреб и Љубљана и дали Хрватска може да се соочи со блокада од Словенија во однос на шенген зоната? Како ЕУ членките гледаат на своите соседи? И дали ќе има светлина за европското проширување? Додека ЕУ брза напред кон новите светски трендови, во балканската политика работите се движат со брзината на пајтоните, заглавени во средниот век.

Гледајте Европат со Лепа Џундева во сабота по вестите во 17 часот.