Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали СЈО ќе биде пуштено низ вода?


Македонија станува земја на академски граѓани кои не ги знаат сите букви од азбуката. Аларм од академската заедница. На факултет се запишуваат студенти кое имаат проблем и со пишувањето. Колку младите го познаваат мајчиниот јазик? Недостаток на интерес или знаење? Дали секоја нова генерација станува полоша од претходната? Во ера на дигитализација се заборава вербалната комуникација, но се оптоваруваат ли со учење безброј факти кои што никогаш нема да ги запаметат? Познавањето на мајчиниот јазик поразително.

Дебата во 24 Отворено со заменик министерот за образование, Петар Атанасов, универзитетскиот професор, Људмил Спасов и професорките, Наде Молеровиќ и Мими Блажевска.


Почнаа ли да пукаат шавовите на коалициониот балон СДСМ - ДУИ. Дали имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски откри скриени договори и никогаш не скинати политички папочни врвци? Ќе има ли нов политички пазар за крвавите настани или и ова ќе биде нова епизода од политичкиот циркус без епилог? Дали борбата за власт ги соедини, а старите дружби ќе ги разделат коалиционите партнери? Ќе има ли одговорност и последици за собраниското фијаско?

Во 24 отворено дебатираат: Пратеникот Павле Богоевски, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, аналитичарот Газменд Ајдини и Ѓулистана Марковска.


Терористички закани врз Македонија. Зошто земјава станува мета на глобалното зло? Дали извесниот влез во НАТО ги вознемири мрачните сили? Повратниците од ИСИС како темпирана бомба. Домашните безбедносни разузнавачки служби оперираат со информации за околу 150 македонски државјани кои се борат на страната на тероризмот. Треба ли граѓаните да се чувствуваат безбедни? Дали идната НАТО-членка е доволно силна да се спротивстави? Македонија меѓу истокот и западот! Малку детали – многу неодговорени прашања!

24 Отворено со поранешниот разузнавач, Слободан Богоевски, професорот по безбедност, Богданчо Гогов, воениот експерт, Благоја Марковски и Самет Шабани од невладината „Хоризонт Цивикас“.


Постои ли роднинско-партиски октопод во Владата на Зоран Заев? Синот во ЕЛЕМ, братот во РЕК Битола, сестрата во МЕПСО, шурата во Влада, партиските војници во Водостопанство. Заменици директори за задоволување на партиските апетити, управни и надзорни одбори на големи компании ги водат деца и братучеди? Може ли кренатото знаме на НАТО да ги засени скандалите со кои се соочи владината коалиција во земјата? Антикорупциска стартуваше со дамка во изборот на еден од членовите. Сега е пред тежок испит – да ги сузбие појавите на непотизам.
Во 24 Отворено со Нури Бајрами, од Антикорупциската комисија, Мери Јордановска новинар, професорот Драган Гоцевски, Марко Панковски, од Институтот за демократија.


Битката со корупцијата, главен предуслов за напредувањето на Македонија кон ЕУ. По бегството на Груевски и бројните амнестии имиџот на македонија е нарушен. Дали новите законски измени ќе овозмножат вистинска борба со корупцијата или се ќе биде само на хартија? Утре се бира новиот состав на антикорупциската комисија. Граѓаните скептични, институциите ја губат довербата, како функционира системот?

Гости во 24 Отворено: пратеникот Мухамед Зекири и претседател на комисијата за избори и именувања, Герман Филков од центарот за граѓански комуникции, новинарката Сашка Цветковска и Миша Поповиќ од институтот за демократија.


2016-та година, септември, тој кобен 6-ти ден од месецот... Македонски автобус се судира со камион во Турција... Повредени и згмечени патници...На една жена и се ампутирани двете нозе.
Снежана Караџовска, две ипол години потоа во лавиринтите на македонското здравство. Темните ходници на болничката голгота низ кои минува Снежана се дополнително мрачни од сознанието - во Македонија нема доктор, болница, институција која може и сака да помогне на жена, сопруга и мајка која само сака да обезбеди минимални можности за нормало функционирање. Во светот постои метода што и на луѓето со двојна ампутација на нозете - над колена, можат да и овозможат тоа што изгледа невозможно - да прооди.Наместо помош - зошто државата ја остава Снежана заробена во количка? Како да им се помогне на луѓето со инвалидитет?

Во студиото на 24 Отворено со Снежана Караџовска, Елена Кочоска од „Полио Плус“, Бранимир Јовановски од „Мобилност“, Ѓорѓи Станишевски од центарот за протетика, „Славеј“.


Пред и по Преспанскиот договор - паѓаат ли стегите во државата што важеше за заробена. Дали помирувањето е процес кој дава резултати, и зошто поделбите меѓу Македонците се уште се големи? Грција пред ратификацијата на Договорот со Македонија - членството во НАТО како компензација на сите емотивни прашања.

Архитектот на Договорoт од Нивици, министерот за надворешни работи, Никола Димитров во студиото на 24 Отворено, со Љупчо Петковски од „Евро тинк“, Слободанка Јовановска од „Независен“ и новинарот, Јоргос Пападакис - директно од Брисел.


Уставните измени изгласани, законот за јазиците официјализиран. Македонија како фактор за стабилност на Балканот, но домашните задачи запоставени. Судство во канџите на политиката, битката со корупцијата никако да почне, администрацијата расте на грбот на граѓаните. Реформите на Прибе во втор план. Спорот со името заврши, кога ќе почне животот во Македонија?

Во 24 Отворено анализираат Имер Селмани, Марко Трошановски Петар Арсовски и Весна Мичиќ Божиновска.


Премиерот Зоран Заев пред јавноста, новинарите и младите. Дали уставните измени се сведоа на пазар за амнестијата. Како до праведно општество, ако правдата падне на првиот тест. Која е политичпката цена што заев ќе мора да ја плати? За бегството на Груевски, за претседателките избори, за економијата и кадровските политики. Зошто добар дел од оние што гласаа за промени, сега се разочарани. 24 Отворено со премиерот Зоран Заев. Прашуваат: Ида Протуѓер, Фатмир Алиу, Катарина Синадиновска.