Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Пред и по Преспанскиот договор - паѓаат ли стегите во државата што важеше за заробена?


Уставните измени изгласани, законот за јазиците официјализиран. Македонија како фактор за стабилност на Балканот, но домашните задачи запоставени. Судство во канџите на политиката, битката со корупцијата никако да почне, администрацијата расте на грбот на граѓаните. Реформите на Прибе во втор план. Спорот со името заврши, кога ќе почне животот во Македонија?

Во 24 Отворено анализираат Имер Селмани, Марко Трошановски Петар Арсовски и Весна Мичиќ Божиновска.


Премиерот Зоран Заев пред јавноста, новинарите и младите. Дали уставните измени се сведоа на пазар за амнестијата. Како до праведно општество, ако правдата падне на првиот тест. Која е политичпката цена што заев ќе мора да ја плати? За бегството на Груевски, за претседателките избори, за економијата и кадровските политики. Зошто добар дел од оние што гласаа за промени, сега се разочарани. 24 Отворено со премиерот Зоран Заев. Прашуваат: Ида Протуѓер, Фатмир Алиу, Катарина Синадиновска.

Игнорирањето на проблемот со аерозагадувањето остави зад себе наталожени проблеми чии последици на свој грб директно ги чувствуваат граѓаните. Како работат инспекциите во пронаоѓање и санкционирање на загадувачите? Дали домаќинствата се убедливо најголемиот загадувач на воздухот во Скопје? Намерно или не, никој не зборува за тешката индустрија и големите загадувачи. Владата вети двојно почист воздух до 2020-та. Амбициозно четиво или далечна реалност? Во Отворено - заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, Александра Бујаровска од фронт 21/42, пратеничката Маја Морачанин, Антонио Јовановски - претседател на Гоу Грин и д-р Драган Ѓоргев од Институт за јавно здравје.


Заострена меѓусоседска реторика по изјавите на контроверзниот бугарски министер за одбрана, Каракачанов. Што се крие зад мотивот на Каракачанов? Зошто новите пријатели од соседството му се лутат на премиерот Заев? Како Бугарија и Грција го сфаќаат пријателството со Македонија, како понижена страна или рамноправен партнер? Претседателите на комисиите за надминување на разликите со Бугарија и Грција, историчарот Драги Георѓиев и професорот Виктор Габер, Ѓулистана Марковска и новинарот Николај Крстев од Блумберг тв Бугарија во 24 Отворено.


Во Македонија има живи донатори, татко подарува бубрег на син, мајка на ќерка, братучед на братучед, сопруга дава парче од себе за да го спаси мажот. Но, изостанува донацијата на органи по смртта. Малку се зборува, но денес во Европа и светот тое е речиси сосема нормална појава. Зошто да си го дадам срцето, бубрегот, слезината, белите дробови? Во чие тело ќе живеат? Ќе спасам ли живот по мојата смрт? Чие срце чука во мене? Прашања што задираат во здравјето и чувствата.Во 24 Отворено - луѓе на кои им бил трансплантиран орган, со оние кои даваат, но и со пациенти кои уште чекаат - со доктори, министри, активисти. 


Легално рекетарство или еснаф без кој не се може. По најавите за воведување нови, помеки правила за извршителите, половина од активните компании и десетици илјади граѓани останаа со блокирани сметки. Граѓаните тонат во долгови, извршителите тријат раце. Дали новиот Закон за отпис на камати за неплатени сметки ќе ја намали агонијата на сиромашните? Ќе има ли мораториум на извршувањето и ревизија на работењето на извршителите? Што носи новиот Закон за извршување?

Вечерва во 24 Отворено дебатираат: пратеникот Панчо Минов, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, Марјан Ристески – претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати и економскиот аналитичар Славко Лазовски.


Новиот закон за амнестија, политички дил или искрено помирување? Како се менуваа ставовите на власта и опозицијата? Од правдата побегна Груевски, ќе се спасат ли и организаторите и насилниците од „27 април“? Додека мозокот на сите операции шета покрај Дунав, од двете страни на Вардар чекаат исход за нивната судбина. Дали понудата на Заев е спас и за Мицкоски, но и за Ахмети? Во 24 Отворено со пратениците Елизабета Канческа Милевска, Артан Груби, аналитичарот Александар Кржаловски, новинарот Љупчо Поповски.


Се бара. Екс-премиерот Никола Груевски пропадна во земја. Колку скапо ќе го чини луксузниот мерцедес? Решетки или слобода како бегалец? Дали и кој дозволи пред нос на властите да исчезне осудениот опозициски пратеник? Но какви беа оперативните сознанија на полицијата? Има ли политичка игра и цена неговото исчезнување? Потрагата почна од пред домот на Груевски, дали следната дестинација е во некоја од соседните држави?
Во 24 Отворено дебатираат: новинарот Томислав Кежаровски, професорката Мирјана Најчевска, Љубомир Ѓурчевски - експерт за безбедност и адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.


Прогресивен данок, намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните или мерка што ќе ја сардиса средната класа? Со 1.500 евра во Европа имате едвај блиску за нормален живот, во Македонија ве сметаат за богаташ. Што ќе се подобри во животот на граѓаните со новите давачки? Ќе имаме ли подобро здравство, администрација, училишта? Власт, опозиција, бизнисмени, министри. Во студиото на 24 Отворено – со Драган Тевдовски, Трајко Славески, Данела Арсовска, Џевдет Хајредини.