Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Јавна соба, слика и прилика на општество кое тоне во неморал


Депонијата Дрисла во рацете на градот. Градските власти тврдат дека на Дрисла нема увезено опасен отпад. Собранието носи закон за забрана на увоз на отпад. Ќе ни се повтори ли бугарското сценарио. Што крие аферата, кои се вистинските загадувачи на Скопје?

Во 24 Отворено дебатираат: Градоначалникот Петре Шилегов, Ана Мазнева од министерството за животна средина, еко-активистите Антонио Јовановски и Баже Јосифовски.


Се исправа грешката на комунистичкиот режим направена кон лицата кои беа жртви на кодошите или лустрацијата се искористи за лов на неистомисленици, во пеколот на македонското политичко зреење? Во 24 отворено лустрирани и лустратори.

Дебатираат Томе Аџиев поранешниот прв човек на комисијата за лустрација, режисерот Владимир Милчин еден од обвинетите, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Снежана Калевска Ванчева од СДСМ поранешниот разузнавач Александар Диневски.


Закон за легализација на дивоградби или за заштита на лични интереси? Зошто со новото предлог решение се опфатија градби од втората половина на 2019-тата година? Нема да има легализација на згради и тераси, но што станува со трговските центри и деловните објекти?

Во 24 Отворено со експертот Михаил Гаревски, архитектот Мартин Пановски, пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски и Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.


Утре во Собранието почнува амандманската расправа за предлог измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа илјадници амандмани за двата предлог-закони на помалите партии, за една изборна единици и за отворени листи. Дали владината коалиција е на стаклени нозе? Кој се уште силно ги држи нераскинливите врски на некогашните децениски коалициони партнери ВМРО и ДУИ? Опозицијата обвинува за тиранија на власта над помалите партии во Собранието. Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица бараат да се повлечат амандманите. Ситно до техничка Влада и во предворје на изборите. што не очекува?

Во 24 Отворено дебатираат: Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски - СДСМ, Артан Груби - ДУИ и Маја Морачанин од ДОМ.


Двете најтешки работи на светот се добро да управуваш со државата и добро да се воспитува детето, но како да се постигне тоа? Мака и за власта и за семејството. Младите со краток фитил, возрасните бараат вредности кои одамна ги нема. Потфрлува личноста или системот? Писа тестирањата повторно го фрлија македонското образование на колена. Каде да се бараат решенијата? Дали воспитно-образовниот систем во земјава  е поставен за потребите на учениците и општеството?

Во 24 Отворено дебатираат министерот за образование и наука Арбер Адеми во друштво со професорките Татјана Стојаноска Иванова, Елизабета Томевска Илиевска, Ана Фрицханд и Елизабета  Петровиќ.


Уставниот суд како спас за груевци, а потоп за правдата. Одлуката на судиите – вовед во правен хаос или во политички земјотрес? Што може да направи претседателот Стево Пендаровски? Ќе дозволи ли Македонија да остане на темната страна на историјата – како заложник на мафијата и криминалот? За љубовта со Бугарија, за исселувањето на младите, за Макрон и европската хипокризија.

Во 24 Отворено, со претседателот Стево Пендаровски, прашуваат студенти, граѓани, гледачи....


Отпор кон различностите или организиран револт? Протестот на жителите на скопско Визбегово против Дисперзираниот дом за деца со воспитно социјални проблеми отвори општествена дилема - кој и каде греши, дали институциите во решенијата што ги нудат или пак граѓаните во начините на кои реагираат? Дали сме толерантни само кога проблемот е далеку од нас, а далеку од стандардите на живеење во современиот свет, кога директно треба да се соочиме со прифаќање на различните?

Гости во 24 Отворено - универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Катерина Тодоровска, Илија Јовановиќ од „Градиме иднина“ и Душан Томшиќ, посебен советник за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика.


Џебот на пензионерите подлабок за 700 денари. Повисоки плати за буџетарите. Расте минималната плата. Каде гази економијата, во популизам и клиентелизам или кон развој и реформи? Која е вистината? Дали економијата нема капацитет или власта не може да донесе развојни решенија? Дали вештачкиот притисок за зголемување на платите ќе удри по бизнисот? Ќе се бара ли увоз на работна сила?

Во 24 отворено дебатираат поранешниот Гувернер Петар Гошев, екс Министерот за финансии Џевдет Хајредини и Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.


Земјоделците на улица или како дел од партискиот колорит на секојдневното живеење. Додека Македонија е во менгеме на проблемите надвиснати од недобивањето на датумот за ЕУ, на површина испливуваат предизвиците со кои се соочува една од најважните грани на општеството – земјоделието. Може ли македонскиот земјоделец и подобро и повеке, доколку го добие соодветниот третман од државата? Дали субвенциите ги постигнуваат резултатите, зошто каскаат реформите, ќе биде ли Македонија само суровинска база за богатите или ќе го искористи потенцијалот што го нуди земјата.

На оваа тема во Отворено министерот за земјоделство Трајан Димковски, Златко Стојчев, Ефтим Шаклев, Дритон Дикена.