Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Како да се заштитиме од корона вирусот?


Власта маршира за правда, опозицијата во катарза на внатрешните поделби. Може ли во предвечерие на изборите - Заев да ги испорача ветувањата за правда? Mоже ли Мицкоски да прикаже поинаков пристап? Кој ќе ја добие битката за неопределените – тој ги добива изборите.

Во 24 Отворено со Драган Данев, ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Зекири, СДСМ, новинарите Сашо Ордановски и Предраг Димитровски.


Пратениците го играат последното танго во македонскиот парламент. Почна со големи надежи за воспоставување на правдата по 27 април, завршува во атмосфера на неказнивост и непринципиелни компромиси. Законот за јавно обвинителство – бомбите одат во историјата, а каде ќе одат криминалците? Има ли алтернатива за ликот на македонската правда?

Во 24 Oтворено со професорката и борец за правда, Мирјана Најчевска, екс-министерот, Михајло Маневски, адвокатката Сузана Јошевска и професорката Арта Биљали Зендели.


Избори или одложување? Законот за Јавно обвинителство во менгеме меѓу власта и опозицијата. Правдата никаде ја нема, кој ја бара, а која бега од неа. Се ризикува ли повторно евроатланската иднина на земјава?

Во 24 Отворено дебатираат членовите на работните групи на власта и опозицијата, Соња Мираковска од НСДП, Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, Нора Исмајлоска од Независната пратеничка група и Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл.


Јавна соба – слика и прилика на општество кое тоне во неморал. Малолетничка порнографија се шири на социјалните мрежи. Што ќе покаже истрагата на МВР и јавното обвинителство? Каде да се бара вината, пропуст во воспитувањето дома, во училиштата или институциите? како дозволивме улицата да ни ги земе децата?

Во 24 Отворено дебатираат: Драги Змијанац-Меѓеши, психологот Билјана Николовска, Калиа Димитрова од неформалната организација „Медуза“ и аналитичарот Љубомир Ѓурчевски.


Депонијата Дрисла во рацете на градот. Градските власти тврдат дека на Дрисла нема увезено опасен отпад. Собранието носи закон за забрана на увоз на отпад. Ќе ни се повтори ли бугарското сценарио. Што крие аферата, кои се вистинските загадувачи на Скопје?

Во 24 Отворено дебатираат: Градоначалникот Петре Шилегов, Ана Мазнева од министерството за животна средина, еко-активистите Антонио Јовановски и Баже Јосифовски.


Се исправа грешката на комунистичкиот режим направена кон лицата кои беа жртви на кодошите или лустрацијата се искористи за лов на неистомисленици, во пеколот на македонското политичко зреење? Во 24 отворено лустрирани и лустратори.

Дебатираат Томе Аџиев поранешниот прв човек на комисијата за лустрација, режисерот Владимир Милчин еден од обвинетите, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Снежана Калевска Ванчева од СДСМ поранешниот разузнавач Александар Диневски.


Закон за легализација на дивоградби или за заштита на лични интереси? Зошто со новото предлог решение се опфатија градби од втората половина на 2019-тата година? Нема да има легализација на згради и тераси, но што станува со трговските центри и деловните објекти?

Во 24 Отворено со експертот Михаил Гаревски, архитектот Мартин Пановски, пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски и Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.


Утре во Собранието почнува амандманската расправа за предлог измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа илјадници амандмани за двата предлог-закони на помалите партии, за една изборна единици и за отворени листи. Дали владината коалиција е на стаклени нозе? Кој се уште силно ги држи нераскинливите врски на некогашните децениски коалициони партнери ВМРО и ДУИ? Опозицијата обвинува за тиранија на власта над помалите партии во Собранието. Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица бараат да се повлечат амандманите. Ситно до техничка Влада и во предворје на изборите. што не очекува?

Во 24 Отворено дебатираат: Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски - СДСМ, Артан Груби - ДУИ и Маја Морачанин од ДОМ.


Двете најтешки работи на светот се добро да управуваш со државата и добро да се воспитува детето, но како да се постигне тоа? Мака и за власта и за семејството. Младите со краток фитил, возрасните бараат вредности кои одамна ги нема. Потфрлува личноста или системот? Писа тестирањата повторно го фрлија македонското образование на колена. Каде да се бараат решенијата? Дали воспитно-образовниот систем во земјава  е поставен за потребите на учениците и општеството?

Во 24 Отворено дебатираат министерот за образование и наука Арбер Адеми во друштво со професорките Татјана Стојаноска Иванова, Елизабета Томевска Илиевска, Ана Фрицханд и Елизабета  Петровиќ.