Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Кој колку и кога ќе добие помош од петтиот пакет антикризни мерки?


Ситуацијата со вакцинацијата од коронавирус го окупира вниманието на јавноста. Возбудата e уште поголема откако надлежните вчера соопштија дека и кај нас е присутен Британскиот сој на коронавирус. Британскиот сој го има во Србија, Словенија. По што се разликува оваа мутација, овој сој на вирусот? Се распознава ли клинички, по симптомите? Може ли да се очекува зголемена смртност? 

Во 24 анализа дебатираа професор др. Никола Пановски микробиолог, проф.др. Нико Беќаровски интернист - клинички  токсиколог и Лирим Шабани директор на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД)


Каков попис ќе спроведуваме во април, партиски или професионален, што ќе се случи доколку се остварат намерите за бојкот на дел од населението? Има ли решение на спорот со Бугарија, ја изигра ли Европската Унија Македонија? Целиот регион се вакцинира, Србија доби над милион вакцини, земјава ниту една. Дали Владата потфрли во набавувањето вакцини?

Дебата со претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов и претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.


Попис 2021 статистичка или политичка операција. Во стегите на партиското менгеме пописот останува во рамките на убедувањата меѓу власта и опозицијата.

Дали на крајот на долгиот пат до април ќе има општествен консензус?

Во 24 анализа со Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

 


2020-та беше една од историски најтешките години поради неснаоѓањето на Владата да се справи со кризата. Во најавениот раст за годинава не верува никој, освен власта тврди ВМРО-ДПМНЕ. Се зачуваа работни места, се помогна на граѓаните и на фирмите. Помошта ќе продолжи и годинава. Економијата ќе испраќа раст повисок од четири отсто, тврди власта. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во време на криза Фондот за иновации троши стотици илјади евра за промоции. Директорот ги отфрла обвинувањата.

Во 24 Анализа - соочување на аргументите, кој ја зборува вистината?

Дебатираа Гордана Димитриеска Кочоска, ВМРО-ДПМНЕ, Коста Петров, директор на Фонд за иновации и Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Старата демократска Америка се враќа повторно на сцената со Џо Бајден и Камала Харис. Каде е на мапата Македонија? Надежите на Македонија повторно се свртени кон Америка. Америка со децении вложува напори во демократките процеси во земјава. Што Македонија испорача сето ова време?

Во 24 анализа дебатираа: Едмонд Адеми, советник за надворешна политика на премиерот Заев, Зоран Димитровски поранешен надворешно политички новинар и актуелен заменик министер за локална самоуправа и Лилица Китановска од Гласот на Америка на македонски јазик од Вашингтон.


Очите на светот се свртени кон Америка, Џо Бајден денеска станува нов претседател наместо Доналд Трамп. Македонија го дочекува и новиот претседател без амбасадор во Вашингтон и очекува поддршка од САД и за европските аспирации. Дали новата американска администрација ќе смени нешто во однос на бугарската блокада? Дали постои решение доколку Бугарија не се откаже од идентитетските барања?

Во студиото разговаравме со внукот на генерал Михаило Апостолски кого Софија го направи Бугар, со исто име како неговиот предок Михаил Апостолски, кој меѓу останатото работел и како економски претставник во македонската амбасада во Вашингтон и со добриот познавач на домашната и меѓународна политика, аналитичарот Алберт Муслиу.


Пензионирање на 62 години за жени и 64 години за мажи ишанси за откуп на стажот. Двете патриски ветувања, се уште се дел од владината програма и сега во форма на законски решенија се блокирани во Парламентот и торпедирани со стотици амнадмани со што се предизвика револт во синдикалните редови.

За пензиионирање и законските решенија одговараше министерката за труг и социјална политика Јагода Шахпаска. Своите забелешки кон министерката упатија и Слободан Трендафилов од ССМ и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи


Речиси цела година живееме со пандемијата со коронавирусот, со многу тензија поради неможноста да функционираме како порано поради многуте заболени и починати граѓани. Но, како е од другата страна на првата линија на фронтот во примарното здравство, во болниците, во внатрешноста која ја презема грижата за болните, веднаш штом се преполнија инфективните клиники „8ми септември“ и Инфективната клиника.

Гостуваат д-р Кирил Солески специјалист по семејна медицина од поликлиника „Семед“, Директорката на општата болница во Куманово, доктор Снежана Захариева и д-р Ален Георгијев, директор на клиничката болница во Штип.


Се загреваат партиските машинерии за локалните избори, што покажуваат предвремените избори во Штип и Пласница.

Што ќе се прави со 35 милиони евра добиени од ТАВ, а пренаменети за општините, дали проектите ќе се сметаат за предизборна корупција?

Во исто време во спорот со Бугарија сега е мистерија, што понудила државава, а што вратиле бугарите.

Како власта се согласи за изборот на Александар Даштевски за ДИК, човекот кој отворено го бранеше Груевски?

Дебата со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.