Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Каде се странските инвеститори и дали ги задржаа вработените?


Како да се препознае дали децата се ертви на трговија со луѓе? Како да се заштитат и едуцираат? Кои се првите алармантни сигнали дека детето е жртва на трговија со луѓе? Невладината „Отворена порта“ со својата програма помага во превенирање на трговијата со луѓе, преку едукација на училишниот персонал.

Во 24 анализа дебатираа Јасмина Димишковска Рајковска извршна директорка на „Отворена порта“ и Марија Тодоровска, програмска директорка на „Отворена порта“.


Џо Бајден е пред конечна победа против Доналд Трамп. Како ќе влијае врз светот новиот американски претседател без оглед на конечните резултати? И дел од балканските политичари го избраа својот фаворит, ќе се изгорат ли на резултатот, што првиот човек на најмоќната суперсила ќе смени за Балканот и Македонија.

Дебатираа професорот Љубомир Фрчкоски и Андреја Стојковски, директорот на институтот „Преспа“.


Од долгови никогаш доста, коронавирус кризата само ги компликува и онака мачните односи помеѓу должниците и извршителите. Тарифите за извршување се намалија, а долговите и понатаму растат. Дали еднократната помош на Владата преку законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите ги реши должничките проблеми на граѓаните? Дали фирмите и државата како должници се во привелегирана состојба од извршителите. Каде заглавија измените на законот за облигациони односи? Кој има интерес од недонесувањето на новите правила за застарување на долговите? Доверителите, извршителите или државата?

Дебатираа, Ана Глигорова од иницијативата „Стоп на грабежот“, Самка ибраимовски од ПЦЕР и извршителот Гордан Станковиќ


Светската економија запаѓа во најдлабока рецесија. Се влошуваат прогнозите и за следната година. Стратешките партнери на Македонија во карантин. Кои ќе бидат негативните ефекти за домашниот пазар? Можен полициски час и нови рестрикции против ковид 19. Здравјето е приоритет, но сиромаштијата тропа на врата. Одлуките за нови мерки - меч со две острици. Сега се здолжуваме, наскоро ќе треба да ги враќаме долговите. Ќе биде ли доволен само економскиот раст или ќе мора да се посегне по зголемување на даноци за да се полни државната каса? Досегашниите повеќе децениски политики на кроење на буџетот сега ги исфрлија на површина длабоките слабости. Дали е време да се посегне по структурни реформи во буџетот?

Дебатираа Павле Гацов, даночен советник и Дарко Лазаров, професор.


Бројките на заразени секојдневно растат. Дали Македонија ќе издржи нов карантин и полициски? Маските на отворено станаа задолжителни, народот се подели, едни се за  други против. Освен бројките, Македонија пред нов проблем, дали посилните земјите-членки на ЕУ ќе го омекнат ставот на Бугарија кон Македонија пред Брисел? Зошто Бугарија не попушта во своите тврдења? На чија страна ќе застане Европската Унија?

Во 24 анализа, дебатиравме со поранешните пратеници Солза Грчева и Павле Богоевски.


Во светот е статистичка операција, во Македонија политичка, во светот на една рака се бројат земјите кои 20 години не направиле пребројување на населението, за Македонија тоа е реалност од 2002. Сред пандемија од корона одржавме избори, дали ќе успееме и да се преброиме? Но и кој се ќе влезе во вкупната бројка? Колку декларацијата која ја предложи шефот на државата, за неменливост на Рамковниот договор и Уставот и во случај на намалување на бројките на етничките заедници - ќе биде клучот за реален попис? Како по дебаклот во 2011. до попис на кој што сите ќе му веруваат? Законот е во Собрание, власта чека амандмани, опозицијата преговори - ќе застанат ли заеднички зад оваа операција?

Една недела по Светскиот ден на статистиката, во 24 анализа политичка дебата за статистичката операција попис меѓу Бојан Маричиќ, министер за правда и предлагач на Законот за попис и Илија Димовски, поранешен пратеник и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за истиот закон во минатиот собраниски состав.

 

Да се стави крај на корупцијата на сите нивоа порача Европската комисија. Завршувањето на судските предмети на СЈО - важен сигнал за враќање на довербата во судството. Има ли волја и капацитет обвинителството да се справи со неказнивоста? Спорни објекти под лупа на обвинителството - што се се истражува во аферата - Плацеви на Водно? Ќе има ли обвинение за Али Ахмети? Каде води трагата на европските пари за образование, а каде е одговорноста на Лидија Димова?

Во 24 анализа интервју со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.


Ковид 19 кризата зема замав, администрацијата се престројува, кафеаните под клуч по 23 часот. Потребни ли се нови мерки и рестрикции во економијата? Дали приватниот сектор може да издржи уште еден удар? Се ситни оваа тешка година? Ребалансираниот буџет се уште не е усвоен во Собранието, а треба да се крои новиот за 2021-та. Ако здравствената агонија забави, имаме шанси за оптимизам, ако се продлабочи? Што ги чека граѓаните и фирмите? Ќе има ли редовна исплата на плати, пензии, социјални надоместоци? Како ќе се спасуваат работните места во најпогодените бизниси? Економијата ги живее историски најтешките времиња, дали ќе биде онаа народната „кој ќе преживее, ќе раскажува“.

Во 24 анализа гостуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, стопанственикот Антони Пешев и профeсорот и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски.


Се води ли битката за политичка превласт преку пандемијата со коронавирусот? Кој изигра нечесно за законот со кој треба дел од мерките за заштита од ковид 19 да стапат на сила? Зошто Христијан Мицкоски се откажа од преговори со Венко Филипче? Се обидува ли владата преку мала врата да си додели овластувања со тежина на уредби со законска сила? За политичките игранки околу ковид 19 и (не) функционалноста на институциите во клучни период за земјава и на внатрешен и на надвоирешен план.

Во 24 анализа политичка дебата со Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Мухамед Зеќири пратеник и потпретседател на СДСМ.