Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Остра реторика во грчкиот Парламент за Договорот од Преспа


Вештачкото срце стана реалност и во Македонија. Како изгледа, како се вградува и функционира, колку вештачкото срце го продолжува животниот век? За најкомплексниот оперативен зафат во кардиохирургијата кој чини 100-тици илјади евра. Во 24 анализа гостуваат кардиохирургот Жан Митрев и супспецијалист кардиолог д-р Тања Анѓушева од Клиниката на Митрев.


Дали пазарите ќе останат со празни тезги – револтот на пазарџиите ескалираше. Новиот закон што требаше да воведе ред – направи хаос. Kој си поигрува со судбината на илјадници семејства што живеат од трговија на зелените пазари? Нови давачки, трошоци за лиценци - кој ќе профитира, а кој ќе биде губитник со законот за трговија на зелени пазари.

Во вечерашното издание на Тренд анализа соочување на спротиставените. Крешник Бектеши министер за економија, Екрем Долек Комора на трговци, Љупчо Лазевски потпретседател на групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија и закупци на тезга на зелените пазари.


Законот за употреба на јазиците стигна пред уставниот суд. Опозицијата обвинува најави крвични пријави за претседателот на Собрание, Џафери и директорот на Службен весник, Костовски. Владата тврди - унитарноста на државата не е доведена во прашање, ниту пак се воведува целосна двојазичност – туку се овозможуваат услови за спроведување на едно заедничко општетсво за сите и се става крај на национализмот. Во 24 анализа гостуваат Људмил Спасов, универзитетски професор, како и политичките аналитичари, Тодор Пендаров и Газменд Ајдини.


Се плаши ли СДСМ од предвремени парлементрани избори – по промената на уставното име и Законот за албански јазик? Ги бара ли ВМРО-ДПМНЕ, а „моли бога“ да не ги добие - особено откако тивко помогнаа уставните измени да поминат без поголема драма? Плати ли Македонија преголема цена за европските интеграции, која е неизвесно дали и кога ќе и се исплати, кои ќе бидат последиците за власта, кои за опозицијата во целиот тој процес? Колку ќе ги чини граѓаните новиот Закон за јазици, зошто власта го донесе на сила, ќе одговара ли некој кривично, што ќе значи повикот за бојкот од опозицијата до институциите, дали ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе го бранеше со истата жестина со која сега го напаѓа? 
Во 24 Анализа, дебата меѓу потпретседателот на СДСМ и член на извршниот одбор, Дамјан Манчевски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дел од Извршниот комитет, Никола Мицевски. 


Законот за употреба на јазиците, кој веќе ја доби конечната форма, предвидува унапредување на официјалната употреба на албанскиот јазик, или како што се вели на јазиците на етничките заедници кои сочинуваат повеќе од 20 проценти од вкупниот број на населението во Македонија. Македонија и официјалано стана двојазична. Законот за албански јазик и законот за ратификацијата на договорот од Преспа се објавени во Службен весник само со потписот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Законот за јазици е дел од коалицискиот договор за влада меѓу Зоран Заев и Али Ахмети и со него албанскиот јазик станува службен јазик на целата територија. анализа. Што носи законот за употребата на јазиците и до каде е Македонија со реформскиот пат, разговараме со Артан Груби, пратеник во ДУИ, организациски секретар во партијата.


Тензијата се сели во грчкиот парламент поради Преспанскиот договор. Ќе гласа за доверба на владата на Ципрас? Преговори за мнозинство, екипирање, оставки на министри во кабинетот на грчкиот премиер. Одлуката на официјална Атина ќе пресуди на договорот од Преспа. Премиерот Заев ја официјализираше „Република Северна Македонија“. Од каде и како ќе започне примената на уставните измени. Во 24 тренд анализа Универзитетските професори Љупчо Ристевски движење „Интегра“, Нано Ружин, поранешен дипломат и Мерсел Билали, политички аналитичар


Пратениците со 81 глас и речиси без збор ја изгласаа Северна Македонија. Се смени и преамбулата, формулацијата за дијапсората, а се потенцира и границата. Седум месеци откако Македонија и Грција го потпишаа договорот во Преспа - земјава ги исполни обврските. Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Гости во 24 анализа се аналитичарите Сафет Бишевац, Исмет Рамадани и Михаил Пановски.


Невладините организации кои беа носители на демократските промени ги предупредија пратениците дека амнестијата за случаите на СЈО ќе донесе нови протести. Што ја прелеа чашата за незадоволството да еруптира кај невладиниот сектор, зошто се заборави извештајот на Прибе, има ли надеж за правна држава?

Дебатираме со Фани Каранфилова Пановска од фондацијата „Отворено општество Македонија“, Љупчо Петковски од „Евротинк“, Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права и Филип Стојановски од „Метаморфозис“.

 


Власта тврди, уставните измени ќе поминат со повеќе од 80 гласа. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието. За амнестијата, бегството на Груевски, за претстојните претседателски избори, економијата. Во 24 анализа, интервју со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.