Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Ќе се остварат ли владините проекции за раст на економијата од 3,2 отсто?


Освен Ново Село и Охрид и Дебар на претстојните предвремени локални избори, треба да добие свој градоначалник. Од Дебар, владејачката ДУИ ја започна изборната кампања. Градот кој го носи белегот на мултиетничноста, не е заобиколен од белата чума, а тоа е иселеничкиот егзодус. Во каква состојба е инфраструктурата? Јасно е дека е таму е поларизирано гласачкото тело од албанскиот политички блок. Што очекуваат граѓаните гласачите?

Гости се двајцата кандидати за градоначаник на општина Дебар, др. Хеку Ран Дука од ДУИ и Арбен Аголи од Алијанса на Албанците.


Каков претседател и потребен на Македонија? Какви пораки се испраќаат од митинзите? Гледаме ли јасна државничка визија кај претседателските кандидати? Што нудат Река, Силјановска и Пендаровски? Дали идниот шеф на државата ќе се одлепи од партиското миље? Социјалните мрежи како моќен фактор во ловењето на гафови и форсирањето на лажни вести.

Во телевизија 24, дебата со Мице Дудучки, психијатар, Јасна Бачовска Недиќ, универзитетски професор и актерот Сашо Тасевски.


Една недела кампања, името во фокусот на претседателските кандидати На надворешен план се чека јунскиот извештај со кој Македонија ќе треба да добие датум за старт на преговорите и уште една позитивна препорака. Од Брисел, порака дека треба да се заврши домашната работа. Во фокусот на изборната кампања е она што се случува во секојдневието. Ќе има ли власта цензус, ќе бојкотира ли опозицијата во вториот изборен круг? Дали ВМРО-ДПМНЕ брка победа на претседателскиот кандидат или легимитет на Христијан Мицкоски? Дали БЕСА и Алијанса работат  на терен едни против други или едни за други? Ќе пукне ли тиквата помеѓу СДСМ и ДУИ на терен?

Гости се: Мухамер Зекири од СДСМ, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Арианит Хоџа од БЕСА.


Во пакет со престојните претседателски избори, ќе се спроведат и локални избори, во три општини, во три градови. Гости во Тренд анализа се Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Андонов од СДСМ, кандидати за градоначалници за Ново Село.


1ви април – почна преседателската кампања. Кандидатската тројка со први пораки до гласачите. Блерим Река со првите пораки од плоштадот Скендер бег – Скопје под слоганот „За републиката“. Гордана Силјановска Давкова под мотото „Правда за Македонија – татковината повикува“ со кампања од Охрид. Стево Пендаровски под мотото „Одиме напред“, стартува со кампањата од Прилеп. Определените знаат чие име ќе заокружат на гласачкото ливче, но дали ќе се мотивираат неопределните и разочараните од партиските елити?

Директни вклучување од првите изборни митинзи. Во студиото дебатираат: Ангелка Пеева Лауренчиќ експерт за комуникации, Лирим Дулови, новинар колумнист, Љупчо Ристовски од „Интегра“. Тренд анализа вечерва со Анета Додевска.


Трските на струшкото крајбрежје горат секој ден. МВР поднесе пријави, но уништувањето на крајбрежјето во Струга продолжува. Општината во долгови. Градоначалникот се поднови со луксузно возило од 70 000 евра. Во 24 анализа гостин е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.


Трка во собранието по пратенички гласови за законот за СЈО. Спикерот Џафери нeма да закаже собраниска седница за време на кампања дури и ако партиите се договорат за СЈО. Дали со трансформација на СЈО ќе се отворат проблемите за неговата уставност, роковите за поднесување обвиненија и законитоста на на доказите? САД и ЕУ едногласни: Јавното и Специјалното обвинителство се клучни за борба против корупцијата и за враќање на вербата на граѓаните во независен судски систем.

Дебатираат: Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“, новинарот Бранко Ѓеровски и Ѓулистана Марковска.


Претседателската трка наскоро запoчнува, кандидатите ќе се борат за гласачите но и за цензусот. Ниедна голема партија не повикува на бојкот, но премиерот стравува за цензусот. Што ја предизвикува апатијата на неопределените гласачи? Ќе има ли право и правда, или пазар и амнестија?

Разговараме со аналитичарите и активисти, Ненад Јовановиќ, Арменд Нухиу и Благојче Атанасовски.


Платите растат, невработеноста се намалува. Бројките покажуваат позитивен тренд - дали тоа го чувствуваат граѓаните? Ќе се дели државна пензија, ќе расте минимецот - се ветуваше 500 евра просечна плата – ќе има ли? Го чекаме полноправното членство во НАТО и датум за преговори со Европската Унија? Дали приватниот сектор ќе изгуби здив на патот кон евроатланските интеграции? Во предзборие - колку непотизмот и партиските вработувања го нарушија имиџот на власта? За здрава економија – потребни се одржливи економски политики. Ги има ли?

Дебатираат Фатмир Битиќи, економски советник на премерот Трифун Костовски бизнисмен Горан Рафајловски, економист, консултант.