Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Од каде ќе заигра „метлата“ што ја најави Заев?


Земјава одбројува до вториот круг од претседателските избори, финиш на кампањата – двајца кандидати и два концепти – чиј ќе биде најприфатлив на граѓаните. Освен битка за победа, кандидатите се борат и со излезност – ќе го стигнат ли цензусот од 40%?

Што ќе значи за земајва доколку изборите не успеат, Силјановска Давкова и Пендаровски в недела стартуваат со речиси изедначен резултат. Каде ќе се прелеат гласовите на Албанците и дали тие воопшто ќе бидат мотивирани да гласаат? Има ли пазар под маса? Ќе летаат ли лидерски оставки по евентуалниот пораз и во власта и во опозицијата?

Дебатираат потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.


Македонија ги преживува своите кризи после политичките, безбедносните, идентитетските, земјата ја живее кризата на довербата во политиката. Граѓаните не веруваат веќе ниту на власта, ниту на опозицијата, критичната маса е разочарана од лажните ветувања и погрешните политики. Нагоре високо, надолу длабоко, како понатаму?

Разговараме со независни претставници на идеолошката левица и десница. Гости се: Гордан Георгиев и Петар Богојески.


Скандинавски избори, но со историски најниска излезност од само 42 насто. Пендаровски со само 4.600 гласови предност во однос на Сиљановска Давкова. Блерим Река освои 10,57 насто. Каде ќе завршат овие гласови во вториот изборен круг? Дали владејачката ДУИ стои зад „тивкиот“ бојкот или навистина ја изгуби политичката сила на терен? Во однос на локалните избори и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со стопена поддршка. Партиските гласачи на терен, дали пресудија неопределените, демотивираните и разочараните?

За изборните резултати дебатираат: Арбен Таравари – Алијанса на Албанците, Игор Јанушев - генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Кирацовски – генерален секретар на СДСМ.


Кампањата влегува во самиот финиш и на домашен терен се случуваат преговорите за СЈО. Разговараме за трката и датумот за почеток на преговорите со Европската унија.

Анализираме како оди кампањата со оглед дека за прв пат се одржуваат само претседателски избори, со универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски и аналитичарот Газменд Ајдини.


Очекува ли Стево Пендаровски да има цензус во вториот круг гласање за претседател? Дали мисли дека може повторно да биде жртва на македонските византиски политички игри? Како Пендаровски ќе ги убеди неопределните гласачи да гласат во услови кога граѓаните се разочарани од немањето правда? Што на Пендаровски неодамна му кажал Бранко Црвенковски? Соочување со кандидатот за претседател Стево Пендаровски


На претстојните предвремени локални избори и Охрид, покрај Ново Село и Дебар треба да добие официјален нов градоначалник. Градот кој е под заштита на УНЕСКО, во 21-от век се соочува со сериозни проблеми. Зборуваме за Охрид, градот кој е ризница на непроценливо, културно, религиозно и историско богатство, се соочува со проблемот на масовното иселување и миграциите. Истовремено, Охрид е уникатен пример за општина, чија сметка со години во континуитет е под блокада.

За градот кој се нарекува балкански бисер, за проблемите и решенијата, зборуваме со кандидатите за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов од ГДУ, Константин Ѓеоргиевски од СДСМ, Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ и Стевче Стевоски од Демократи.


Додека си вадиме очи со политика, младите ни избегаа пред нос. Опседнати сме со партии, трачеви, тривијалности, а не забележуваме дека државата ќе остане без народ. Истражувањата се поразителни, 90 % од младите сакаат да ја напуштат државата, а истиот тренд владее во цела источна Европа. Има ли решение, што да се прави, како да ги сочуваме младите.
Разговараме со представници на невладиниот сектор, образованието и бизнис заедницата, Владо Димовски, Кенан Асани и Ѓоко Цветков.

Борбата против корупцијата како клучна на патот на Македонија кон Европската Унија.

Во 24 анализа, интервју со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.