Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со Рејчел Галовеј, амбасадор на Велика Британија во Македонија


Колку градоначалниците, општините и граѓаните може да ги променат состојбите во државата на подобро? Како да ја сопреме миграцијата од малите во големите градови и воопшто одливот на младите умови надвор од државата? Во 24 анализа разговараме со градоначалниците на Гевгелија, Чаир, Илинден и Валандово, Сашо Поцков, Висар Ганиу, Жика Стојановски и Перо Костадинов.


Дали политичката цена што ја плати земјава и граѓаните ќе валоризира од Европската Унија? Се сретна премерот Заев и еврокомесарот Хан. Ќе има ли датум за почеток на преговорите со ЕУ? Со изборот на претседател на државата – внатрешно политичката состојба во зона на стабилизација – на ред се реформите, од каде ќе почнат? Колку кадровски промени врвот на власта, но и на партиско ниво ќе бидата значајни да се врати довербата на граѓаните дека се гради општество во кое сите се еднакви. Се одбројува до одлуката за датум за преговори – дали ќе се сработи домшната задача со новиот закон за обвинителство?

Дебатираат екс пратениците Исмет Рамадани Евроатлански совет на Македонија, Ѓулистана Марковска и Нано Ружин, поранешен дипломат.


4 години од опозицискиот протест пред Владата, дел од „шарените револуционери“, но и тогашни опозиционери, а денеска функционери, кои се колнеа во паролата „Нема правда нема мир“, - барањето за оставка од пратеникот Павле Богоевски го толкуваат како хајка, оние пак кои „бомбите“ ги квалификуваа како „сечени, лепени и монтирани“ инсистирата на „метла“ - чие лицемерие го извади аудио снимката со нарачка на нешто „пола“ на површина? Дали принципите зависат од редот во кој се наоѓаат фотелјите, кои се последиците за државата од евентуален позитивен пратенички нарко-тест во Собранието?

Дебатираат Ирена Стеријовска, режисерка и дел од „Шарената револиција“ и Сашо Тасевски, актер и како што самиот вели, противник на секоја власт.


Завршија претседателските избори, се одбројува до предвремени. Какви се позициите на власта и на опозицијата за настап пред граѓаните? Ќе зачисти ли метлата на Заев или само ќе ја собере пајажината?

Дебатираме со аналитичарите Сотир Костов и Благојче Атанасоски.


Кој од министрите на ДУИ ќе биде сменет во најавената владина реконструкција? Чувствува ли министерот за економија морална одговорност за вработувањето на својата сестра во МЕПСО? За концесиите на рудниците, реформите во енергетиката, состојбите во туризмот и дали ќе има засилени инспекции за туристичките агенции пред стартот на летната сезона?

Министерот за економија Крешник Бектеши, гостува во 24 Анализа.

 


Пендаровски се сретна со европратеникот Жбиогар и најави реформи во Агенцијата за разунавање. На инаугурацијата на Пендаровски не присуствуваа претседателите на двете најголеми партии Заев и Мицкоски. Со назначувањето на Пендаровски  се очекува деблокада на процесите на релација извршна власт, претседател, законодавна власт, но се поставува прашањето дали сето ова ќе се случи со избегнување на употреба и злоупотреба на концентрацијата на власт на владејачкото мнозинство. Во очекување на датумот за преговори  со ЕУ се поставува уште едно прашање, дали најавените кадровски и квалитативни промени во редовите на извршната власт, ќе се спроведат и ќе бидат значајни.

Гости се: Павле Богоески независен пратеник, Панчо Минов пратеник - „ГРОМ“ и Фадил Зендели, пратеник - движење „БЕСА“


Владата најавува минимална плата од 13.000 денари. Може ли стопанството да го издржи новото зголемување на минималецот? Дали се уште се ддели плата во плико? Како да се џголеми продуктивноста на работниците и да се подобрат работничките права?

Вечерва во 24 анализа со Наташа Стојановска, дебатираат, Благица Петрески од Finance think, Ангел Димитров од организацијата на работодавачи и Дарко Димовски од ССМ.


Започна 31тото издание на Саемот на книгата во Македонија. Колку Македонците читаат книги? Гости се Бојан Саздов, „Три“ издавачки центар, Татјана Алексиќ наставник колумнист и Фросина Пармаковска писател.


Дали со влегувањето во НАТО, Северна Македонија станува мета на екстремниот тероризам и потенцијална цел на руските ракети? Агресивната стратегија на Владимир Владимирович Путин ја исплаши Европа, има ли западот одговор?

Телевизија 24 има екслузивно интервју со генерал Патрик Дестремо, директор на Институтот за високи студии на националната одбрана на Франција.

Продолжуваме со разговор со амбасадорот Ѓорги Филипов, какви предизвици го очекуваат новиот претседател, што всушност значи посетата на папата.