Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Какви се очекувањата и потребите на стопанството за догодина?


Се случи ли атентат на правдата за политички пазар? Скандалозен или неопходен закон. Ќе биде ли доволна селективната  правда за мир во државата. Ќе ја плати ли премиерот Зоран Заев политичката цена за амнестијата за Крвавиот четврток како политичарите кои седнаа во фотелја со ветување дека правдата ќе им биде светост и си го погазија зборот. Дебатираат Слаѓана Тасева, од Транспаренси интернешнл, адвокатот Валентин Зафиров и политичкиот аналитичар Петар Арсовски.


Политиката ја засени економијата. 2018 во знак на кревка стабилност. Како граѓаните и фирмите ја преживееа годината што изминува? Се делеа државни пари за домашни фирми – на списокот звучни имиња на функционери. Дали власта го исполни ветувањето за здрава економија во која сите ќе бидат рамноправни? Што се направи, а што требаше - а не се направи во економската 2018 година? Колку членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе ја променат сликата – подобар стандард, повисоки плати и дисциплинирани политичари? Дебатираат универзитетските професори Ванчо Узунов, Трајко Славески и Марјан Петрески.


Кога одењето на лекар за Македонците ќе стане нормална појава, а не хорор филм. Граѓаните очекуваа реформи и подобро здравство, а добија ветување кои се уште се повторуваат. Има ли државата реална стратегија за најважниот систем за животите на луѓето или се најважни милионските тендери? Дебатираме со претставници на самостојуниот синдикат на Клиничкиот центар, Горан Беговиќ, абдоминален хирург, Предраг Серафимовски, максилофацијален хирург и Јулија Јовановска медицинска сестра.


Реформи во јавната администрација. Како Владата планира да направи ефикасна администрација? Ќе има ли сериозен рез или ќе се бара друг модел за кратење на гломазната администрација? Во 24 Анализа дебатираат Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество и Трпе Дејановски, УПОЗ.


Селективната амнестија за „Kрваиот четврток“ е скрчкана - со која правна селеција ќе прави амнезија за дел од учесниците се уште е врвна тајна, но амнестија за насилниците и организаторите на насилствата на 27 април нема да има. Колку селективната правда прави упад во судството, особено во процес кој што е се уште во тек? Кој ќе одговара за политичкиот пазар со дел од обвинетите за најцрниот ден во македонската парламентарна историја? Ќе има ли преквалификација на делото? Ќе ја отфрли ли некој од обвинетите „милоста“ на државата? Дебатираат универзитетската професорка Мирјана Најчевска и адвокатите на Крсто Мукоски и на Горан Ѓошевси –Леви, Игор Кичеец и Ружица Николовска. 


На 15 јануари – гласање за уставните измени. Финале на процесот. Науката ги кажа своите предлози – на потег повторно пратениците. Стабилно или разнишано двотретинско мнозинство – колку и како Законот за помирување и помилување ќе влијае на завршницата од уставните измени? Пред Уставен суд иницијатива за оспорување на уставноста на одлуката за уставни измени. Како ќе постапат институциите и шефот на државата Ѓорге Иванов? Во 24 Тренд анализа, Љупчо Зиков, новинар-колумнист, Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и Алберт Муслиу, политички аналитичар


Фудбалската федерација на Македонија речиси пет месеци е без претседател. Изборот мора да се случи до 19 јануари, а в недела ќе се одржи вонредно Собрание со агенда која е спорна за дел од фудбалската јавност. Драган Томовски и Иван Анастасовски зборуваат на оваа тема во 24 Анализа.


Нови предлози за корекции на уставните амандмани доаѓаат од јавните дебати. Ќе има ли промени во финалната фаза? Ќе се обезбеди двотретинско мнозинство кое по последните партиски притвори е доведено во прашање? Во 24 анализа дебатираат универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски и Имер Селмани.