Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали општинските татковци ќе го послушаат премиерот Заев да го симнат мораториумот за градба?


Каков претседател и треба на Македонија? Што значи консензуален кандидат? И требаат ли на Македонија уште едни предвремени парламентарни избори? Дебатираме со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор и аналитичарите Благојче Атанасоски и Љупчо Алексовски.


Претседателот на Собранието, Талат Џафери за првпат во историјата ја започна собраниската седница на албански јазик на што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се повеќе земји потврдуваат дека ќе го потпишат протоколот за пристап на Македонија во НАТО. Поразителен факт е дека над 50% од младите во Македонија се неписмени, а проблемот се шири и во наставничката фела поради немањето сретства за одржување на регуларна настава. На овие теми дебатираат универзитетскиот професор Алексндар Спасов и аналитичарот Владимир Божиновски.


Партиски вработувања или реална потреба за нови кадри во локалната администрација и јавни претпријатија? Презема ли градот доволно мерки за аерозагадувањето? Во 24 анализа дебатира Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС.


Скандал го тресе пензискиот систем, ограбени пензиите на 12.000 вработени - идни пензинери. Како и кој пред очите на институциите една деценија не уплаќал придонеси во вториот пензиски столб? Од каде ќе почне истрагата -за сегашните пензионери – нов модел на усогласување на пензиите – дали пензиите ќе се намалуваат, стагнираат или растат?

Реформи во пензискиот систем мора да има – од каде почнаа, дали секој ќе мора да жртвува дел од својот финансиски колач – и пензионерите, и вработените и бизнисот? Во новото изданите на Тренд–Анализа ексклузивно за најновиот скандал со пензиите зборува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Дебатно соочување со претставници на пензионерите: Станка Трајкова, Сојуз на пензинери, Марјан Спасовски, Синдикат на пензионери и Благица Петрески, „Финансе тинк“.


Заев пред одлука - ќе трча ли на предвремен паралментарен маратон заедно со претседателскиот, Мицкоски го обвинува дека се плаши од соочување со граѓаните по промена на името и законот за јазици. Разногласие и во албанскиот политички кампус – ДУИ не сака избори, Беса и Алијанса за албанците порачуваат дека се добродојдени - но, тивко. Паралелно на Бихаќка неформалната кампања за претседателски кандидат тргна - амбиции и лобирања безброј - ќе бира ли Заев меѓу најдоверливите Спасовски и Шекеринска – колку тврдо партиско решение ќе добие „пас“ од консензуалниот филтер на Ахмети? Дали во оваа консталација на силите Влатко Ѓорчев ќе се наметне како единственото решение на ВМРО-ДПМНЕ што нови изборни превирања ќе значат за условниот датум на Македонија за старт на преговорите? Дебатираат Никола Спасов, Самоил Малчевски и Шпетим Љатифи.


Во грчкиот парламент и вечерва продолжува дебатата, на моменти со остри тонови, во пресрет на утрешното гласањето за ратификација на Договорот од Преспа.

Остри тонови на релација власта - опозиција, на улиците масовни протести. Демонстрантите што се против ратификацијата на договорот од Преспа со грчки знамиња во рацете и со транспаренти се собраа на повеќе локации во Атина.

Грчката полиција и вечерва употреби солзавец за да ги растера насобраните. Гласањето за ратификација одложено за утре.

Во отвореното студио на 24 анализа гости се: Исмет Рамадани, Никола Дујовски и Александар Кржаловски


Вештачкото срце стана реалност и во Македонија. Како изгледа, како се вградува и функционира, колку вештачкото срце го продолжува животниот век? За најкомплексниот оперативен зафат во кардиохирургијата кој чини 100-тици илјади евра. Во 24 анализа гостуваат кардиохирургот Жан Митрев и супспецијалист кардиолог д-р Тања Анѓушева од Клиниката на Митрев.


Дали пазарите ќе останат со празни тезги – револтот на пазарџиите ескалираше. Новиот закон што требаше да воведе ред – направи хаос. Kој си поигрува со судбината на илјадници семејства што живеат од трговија на зелените пазари? Нови давачки, трошоци за лиценци - кој ќе профитира, а кој ќе биде губитник со законот за трговија на зелени пазари.

Во вечерашното издание на Тренд анализа соочување на спротиставените. Крешник Бектеши министер за економија, Екрем Долек Комора на трговци, Љупчо Лазевски потпретседател на групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија и закупци на тезга на зелените пазари.


Законот за употреба на јазиците стигна пред уставниот суд. Опозицијата обвинува најави крвични пријави за претседателот на Собрание, Џафери и директорот на Службен весник, Костовски. Владата тврди - унитарноста на државата не е доведена во прашање, ниту пак се воведува целосна двојазичност – туку се овозможуваат услови за спроведување на едно заедничко општетсво за сите и се става крај на национализмот. Во 24 анализа гостуваат Људмил Спасов, универзитетски професор, како и политичките аналитичари, Тодор Пендаров и Газменд Ајдини.