Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со министерот за здравство Венко Филипче


Гостин во 24 анализа е Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација


Оспорени и по партиска и по етничка боја, сите македонски претседатели се крстеа во името на граѓаните, но дали слугуваа на париските кујни? Во пресрет на претседателските избори – ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа професорката Гордана Силјановска. СДСМ и ДУИ до консензуален кандидат - кој ќе биде и што значи тоа? Граѓаните бараат „татко на нацијата, а не на партијата“, дали ќе го добијат? Претседателските избори газат на тенка линија, дали ќе се обезбеди ли цензус прогнози, кој ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија?

Дебатираат Имер Селмани, поранешен кандидат за претседател и новинарите, Петар Богојески од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ, колумнисти, Катерина Блажевска и Горан Михајловски.


Трагичната несреќа кај село Ласкарци во која животот го загубија 14 лица. Македонија се простува од трагично загинатите. Она што е поука е дека солидарноста надвладеа над оние кои ширеа говор на омраза на социјалните мрежи. Гости во 24 анализа се доктор Маргарета Атансасовска Трифуновска раководител на смена на итна медицинска помош и Гласе Ѓорѓиевски, возач на ЈСП.


Македонија е во жалост, се чекаат резултатите од истрагата на автобуската несреќа која ни предизвика чемер и јад. Кои се мотивите тешката трагедија и жалењето за жртвите поединци да го користат за ширење на говор на омраза, етнички поделби или политички поенти? Граѓаните со несебичните понуди за престој, крв и реакциите на местото на несреќата покажаа дека се луѓе, кои се мотивите за злоупотребата на хуманоста. Дебатираме со социологот Славе Младенов и пратеникот Рубин Земон.


Градежништвото во слободен пад, од двигател на економијата сега бележи негативни резултати. Дали најавените капитални инвестиции ќе го покренат градежниот сектор? Што предвидува новиот Закон за градба? Ќе се зголемат ли цените на становите поради мораториумите?

Во 24 анализа дебатираат Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Ивица Јакимовски, Сојуз на стопански комори, Андреј Серафимовски, Стопанска комора на Македонија и Менди Кира, Стопанска комора на Северозападна Македонија.


Наместо фактор за обединување на различностите – фактор за длабока поделеност – по етнички клуч. Министерството за култура падна на тестот со годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес. Додека зборуваме за евроинтерграции кои треба да донесат интеграција, дома се соочуваме со десинтеграција и поларизација. Колку е длaбока апатијата и кај гласачите на левицата и кај гласачите на десницата? Претсдателеските избори се ближат – каков треба да биде профилот на идниот татко на нацијата.

Дебатираат: Тихомир Јанчевски, професор, поет колумнист, Горазд Чаповски, основачот на групата „Мизар“, Агим Јонуз – колумнист, аналитичар, Сашо Тасевски, глумец.


Македонија влезе во НАТО, тридеценискиот стремеж на граѓаните и сите општествени чинители се оствари после три децении, но регионот има уште многу предизвици. После британскиот Брегзит, судирот на Трамп со европските земји околу плаќањето на НАТО и воскреснатата руска моќ се редефинира и светската геополитичка сцена. Дали Македонија е подготвена за промените и има ли стратегија за новиот светски поредок? Разговараме со Мухамед Халили, поранешен амабасадор и Тодор Пендаров политички аналитичар.


Македонија членка на НАТО - ќе се раздвижи ли економијата? Владата најавува економска година, ќе го исполни ли ветувањето? Со кои проблеми се соочува стопанството?
Во 24 Анализа дебатираат Данела Арсовска, Сојуз на стопански комори, Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Ванчо Узунов, советник за економија во Владата.


Република Северна Македонија го потпиша протоколот за пристапување кон Алијансата. Во Македонија се засилуваат шпекулациите и прогнозите за претседателските избори. Гостин е Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Со него на тема претседателски избори, раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и приемот на државата во НАТО.