Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова преговарачка сага


Со преименувањето на 136 државни институции, Преспанскиот договор од хартија влезе во реалноста. 136 институции ја добија придавката национални. Преименувањето отвара најмногу прашања во однос на идентитетот. Ова решение според владата не задира во идентитетот.

Гости во 24 анализа се академик Катица Ќулавкова и новинарот Зоран Иванов


Во 24 анализа, гостин е поранешниот потпретседател на владата, поранешен министер за здравство и образование, Никола Тодоров. Тој пред две години комплетно се повлече од политичката сцена за да се посвети на професијата адвокат и даде оставка од позицијата пратеник. 


ВМРО-ДПМНЕ најавува победа со кандидатот проф.д-р Гордана Силјановска, реални ли се овие очекувања? Што доколку ги загубат изборите, ќе има ли турбленции во партијата? Каква е сега состојбата во ВМРО-ДПМНЕ? Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира Преспански договор ако дојде на власт? Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи новиот закон за Јавно обвинителство? на овие прашања, одговара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.


Очите на меѓународната седница вперени во Македонија. Во очекување на датум за почеток на преговори со ЕУ, земјава повторно на тест за успешни и кристално јасни претседателски избори. Политичката сцена се ближи кон нов пик, претседателските кандидати со различни концепти. Не се партиски членови. но добија неприкосновена поддршка од партиските центри. Кој ќе успее да ја придобие довербата на гласачите? Ѓорѓе Иванов го ситни вториот мандат. За некои ги бранеше државните интреси, за други паритиските. Што направи, а што не направи Иванов? Се одбројува до претседателсите избори. Од што ќе зависи успехот на изборниот циклус – ќе има ли цензус?

Дебатираат Ване Цветанов, поранешен функционер Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу


Има ли шанса Македонија да добие претседател кој не е поддржан од големите политички партии? Сите досегашни претседатели ги следеа контрверзии непризнавања и тензии. Дали навистина надпартиски и независен кандидат би бил подобар шеф на државата? Дебатираме со луѓе кои се обидуваат да се борат против ветерниците во обид да стигнат до првата државна функција. Генералот Димче Петровски, претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков и пратеникот и претседател на ПЦЕР Самка Ибраимовски.


„Нема правда нема мир - нема правда има фотелји“- ова е само една од пораките на поранешните „шарени револуционери“ која може да се прочита на социјалните медиуми.

Казната од 200 евра за шарање на институциите за професорката Мирјана Најчевска која важи за жесток критичар на дел од актуелните политики на власта ја крена на нозе критичката јавност – се пресметува ли Владата со критичарите или пак само и единствено спроведува закон, носејќи во исто време амнестија за крвавиот четврток.

Се изгубија ли идеалите на Шарената револуција во функционерските фотелји?

 


Лидерите на ДУИ и СДСМ се договорија да настапат на преседателските избори со заеднички кандидат, а во недела на конгрес конечно ќе го изберат кандидатот со кој ќе настапат. Лидерот на ДУИ порача дека разговорите за кандидатот ќе се знаат в петок. На маса е четворката Пендаровски, Спасовски, Димитров и Шеќеринска.Гости во 24 анализа се Самоил Малчевски и Сафет Бишевац


Дали владеачкото мнозинство чекори кон нова политичка криза? Во парламентот врие, лидерставата на ДУИ и СДСМ тврдат дека коалицискиот брак е стабилен.
Опозицискиот блок бара предвремени паралментари избори. Се одборјува до претседателските. Непотизам, амнестии, изборен циклус, партиски пазарења – политиката ќе ги исцрта контрите и на економската 2019 година. Бизнисмените веќе предупредуваат на проблеми во меѓусебните плаќања.

Дебатираат Хари Локвенец, пратеник на СДСМ, универзитетскиот прфесор Трајко Славески член на извршнот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и економистот Павле Гацов, здружение на даночни советници.


Нема веќе изговори за земјава да не го почне преговорите за ЕУ во јуни, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи од Брисел. Но, како секојдневните роднински и партиски вработувања во администрацијата кадешто се бара итни реформи. Законот за селективна амнестија за 27ми април, бегството на Груевски, паѓањето во вода на дел од случаите на СЈО за висока корупција ќе добијат преодна двојка од Европскиот совет. Пресмета ли Османи колку ќе чини законот за јазици? Додека се чека оценката на Венецијалнската комисија и уставниот суд. Можно ли е Ахмети во последниот момент да истрча со Талат Џафери на избори? Интервју со потпретседалот на владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.