Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали со трансформација на СЈО ќе се отворат проблемите за неговата уставност?


Претседателската трка наскоро запoчнува, кандидатите ќе се борат за гласачите но и за цензусот. Ниедна голема партија не повикува на бојкот, но премиерот стравува за цензусот. Што ја предизвикува апатијата на неопределените гласачи? Ќе има ли право и правда, или пазар и амнестија?

Разговараме со аналитичарите и активисти, Ненад Јовановиќ, Арменд Нухиу и Благојче Атанасовски.


Платите растат, невработеноста се намалува. Бројките покажуваат позитивен тренд - дали тоа го чувствуваат граѓаните? Ќе се дели државна пензија, ќе расте минимецот - се ветуваше 500 евра просечна плата – ќе има ли? Го чекаме полноправното членство во НАТО и датум за преговори со Европската Унија? Дали приватниот сектор ќе изгуби здив на патот кон евроатланските интеграции? Во предзборие - колку непотизмот и партиските вработувања го нарушија имиџот на власта? За здрава економија – потребни се одржливи економски политики. Ги има ли?

Дебатираат Фатмир Битиќи, економски советник на премерот Трифун Костовски бизнисмен Горан Рафајловски, економист, консултант.


Судбината на СЈО во рацете на партиите – ќе преживее ли Катица Јанева, но и дали ќе преживеат нејзините истраги. Опозицијата обвинува за монархистички закон за политички прогон во предизборие, власта е децидна - правдата мора да важи подеднакво за сите. Како ќе стигне власта до 80 глaса, подготвена ли е за нови контроверзни компромиси, колку опозицијата ќе си дозволи повторно да биде надвор од закон на кои инсистира Брисел, дали апсењата пред избори се политички прогон или пак владеење на правото. Колку ветувањата за европска кампања ќе резултираат на дело или пак претседателските избори ќе ги извадат валканите алишта на виделина?

Дебатираат потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросана Ременски и пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.


Има ли раст на криминалот во земјава како што обвинува опозицијата или се враќа довербата во полицијата како што тврди власта? Се чувствуваат ли граѓаните безбедни? Кој контролира со какви автобуси се врши превозот во земјава? Може ли МВР да гарантира спроведување на фер и демократски избори?
На овие теми во 24 Анализа гостува вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.


Македонија во предизборие. Каква кампања на претседателите може да очекуваме? И власта и опозицијата сакаат кристално чисти и фер претседателски избори. Во меѓувреме, во пресрет на претседателската изборна кампања, се брка и датумот за преговори со ЕУ - Владата во дипломатска офанзива во Брисел. Во Скопје партиски преговори за Специјалното јавно обвинителство.

Дебатираме со универзитетските професори Ненад Марковиќ и Владимир Божиновски и аналитичарот Газменд Ајдини.


Дали дијаспората се идентификува со државата или со партијата – во пресрет на претседателските избори? Дали иселениците ќе апстинираат? Не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на земјава - ама името не го даваат – дали дијаспората ја гледа иднината на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ? Што ги кочи иселениците да инвестираат во земјава - се демонстрира патриотизам – но зошто тешко се „одврзува ќесето“ за вложување во матичната држава?

За претседателскиот изборен циклус – епилогот и евроинтеграции во Тренд Анализа дебатираат: Стефан Ѓорѓиевски, претставник на македонската дијаспора од Мелбурн, Австралија, Мерсел Биљали, политички аналитичар и Љубиша Николовски, новинар.


По над три часа од изрекувањето на 17-те пресуди за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, во вкупна висина од 211 години затвор, судијката Добрила Кацарска ги соопшти одлуките на советот со кој претседава, според кои сите осудени кои не беа во притвор, од овој момент заминуваат во Шутка.

Денеска судијката Добрила Кацарска за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, изрече само една ослободителна пресуда, на Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, кои беа против новото парламентарно мнозинство таа година, под водство на СДСМ.

Гости се адвокатите Ружица Николовска и Валентин Зафиров.


Кои се патриоти, а кои се предавници? Дали Преспанскиот договор ја забетонира државноста или го загрози идентитетот?
Жестока дебата за сите горчливи прашања со Стојанче Ангелов и Александар Пандов.


Администрацијата полна со роднини на поранешни и актуелни функционери. Имаат ли капацитет политичките партии да се справат со непотизмот во сопствените редови?

Економијата статистички расте, но го чувствуваат ли граѓаните ефектот?

Какви избори не очекуваат?

На овие теми дебатираат Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и Дафина Стојановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.