Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Може ли стопанството да го издржи новото зголемување на минималецот?


Започна 31тото издание на Саемот на книгата во Македонија. Колку Македонците читаат книги? Гости се Бојан Саздов, „Три“ издавачки центар, Татјана Алексиќ наставник колумнист и Фросина Пармаковска писател.


Дали со влегувањето во НАТО, Северна Македонија станува мета на екстремниот тероризам и потенцијална цел на руските ракети? Агресивната стратегија на Владимир Владимирович Путин ја исплаши Европа, има ли западот одговор?

Телевизија 24 има екслузивно интервју со генерал Патрик Дестремо, директор на Институтот за високи студии на националната одбрана на Франција.

Продолжуваме со разговор со амбасадорот Ѓорги Филипов, какви предизвици го очекуваат новиот претседател, што всушност значи посетата на папата.


Стево Пендаровски е новиот претседател на државата. Европската Унија и НАТО со честитики. Република Северна Македонија го избра прозападниот кандидат – анализираат светските медиуми. Сиљановска изгуби со 58 500 гласови, но на ВМРО-ДПМНЕ му донесе повеќе од 377 илјади гласачи. Дали опозицијата ја враќа политичката сила или пак по загубата на претседателските избори, Мицкоски ќе се соочи со внатрепартиски пристисок за реформи? Власта го прошири влијанието, поголема моќ носи поголема одговорност. Славеничката еуфорија ќе помине – граѓаните повторно ќе чекаат резултати. Од каде ќе заигра „метлата“ што ја најави Заев?

За изборните резултати и што потоа – анализираат Мерсел Билали, професор и надворешен соработник на премиерот, Јове Кекеновски професор и предводник на движењето за реформи Фродем, и Сафет Бишевац – поранешен пратеник и новинар.


Земјава одбројува до вториот круг од претседателските избори, финиш на кампањата – двајца кандидати и два концепти – чиј ќе биде најприфатлив на граѓаните. Освен битка за победа, кандидатите се борат и со излезност – ќе го стигнат ли цензусот од 40%?

Што ќе значи за земајва доколку изборите не успеат, Силјановска Давкова и Пендаровски в недела стартуваат со речиси изедначен резултат. Каде ќе се прелеат гласовите на Албанците и дали тие воопшто ќе бидат мотивирани да гласаат? Има ли пазар под маса? Ќе летаат ли лидерски оставки по евентуалниот пораз и во власта и во опозицијата?

Дебатираат потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.


Македонија ги преживува своите кризи после политичките, безбедносните, идентитетските, земјата ја живее кризата на довербата во политиката. Граѓаните не веруваат веќе ниту на власта, ниту на опозицијата, критичната маса е разочарана од лажните ветувања и погрешните политики. Нагоре високо, надолу длабоко, како понатаму?

Разговараме со независни претставници на идеолошката левица и десница. Гости се: Гордан Георгиев и Петар Богојески.


Скандинавски избори, но со историски најниска излезност од само 42 насто. Пендаровски со само 4.600 гласови предност во однос на Сиљановска Давкова. Блерим Река освои 10,57 насто. Каде ќе завршат овие гласови во вториот изборен круг? Дали владејачката ДУИ стои зад „тивкиот“ бојкот или навистина ја изгуби политичката сила на терен? Во однос на локалните избори и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со стопена поддршка. Партиските гласачи на терен, дали пресудија неопределените, демотивираните и разочараните?

За изборните резултати дебатираат: Арбен Таравари – Алијанса на Албанците, Игор Јанушев - генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Кирацовски – генерален секретар на СДСМ.


Кампањата влегува во самиот финиш и на домашен терен се случуваат преговорите за СЈО. Разговараме за трката и датумот за почеток на преговорите со Европската унија.

Анализираме како оди кампањата со оглед дека за прв пат се одржуваат само претседателски избори, со универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски и аналитичарот Газменд Ајдини.


Очекува ли Стево Пендаровски да има цензус во вториот круг гласање за претседател? Дали мисли дека може повторно да биде жртва на македонските византиски политички игри? Како Пендаровски ќе ги убеди неопределните гласачи да гласат во услови кога граѓаните се разочарани од немањето правда? Што на Пендаровски неодамна му кажал Бранко Црвенковски? Соочување со кандидатот за претседател Стево Пендаровски