Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали преговорите за членство во Европската унија ќе станат реалност?


После решавањето на деценискиот проблем со името, Македонија очекува огромниот компромис да биде награден со почеток на преговорите со Европската Унија. Македонската дипломатија ги потсетува, но и предупредува европските пријатели, дека недобивањето на датум може земјата повторно да ја врати во криза. Владата пак треба да ја заврши и својата домашна задача со спроведувањето на реформите и упатените велат дека и самите треба да работиме повеќе. 

Дебатираме со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претставници на невладините организации кои ги следат евро-интеграциите, Симонида Кацарска од Институтот за европска политика и Александар Јовановски од Хелсиншкиот комитет.


Рестартирање во врвот на СДСМ. Преседан на политичката сцена – фронтмените на СДСМ се збогуваат со партиските функции. Нов генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Ресорот за земјоделство ќе добие нов министер – партиските промени увертира во рарешувања во владата. По Заев, на потег Ахмети. Дали лидерството на ДУИ ќе демонстрира одговорност и обврска за промени и нивните редови? На политичката сцена во земјава значајни поместувања во предворје на извештајот на Европската комисија за земјава и очекуваниот датум за почеток на преговори. Дали овие кадровските промени и на партиско и на владино ниво ќе донесат нов квалитет во менаџирање на власта? Дебатираат новинарите колумнисти Жарко Јордановски, Зоран Иванов и Здравко Савески „Левица“.


Колку градоначалниците, општините и граѓаните може да ги променат состојбите во државата на подобро? Како да ја сопреме миграцијата од малите во големите градови и воопшто одливот на младите умови надвор од државата? Во 24 анализа разговараме со градоначалниците на Гевгелија, Чаир, Илинден и Валандово, Сашо Поцков, Висар Ганиу, Жика Стојановски и Перо Костадинов.


Дали политичката цена што ја плати земјава и граѓаните ќе валоризира од Европската Унија? Се сретна премерот Заев и еврокомесарот Хан. Ќе има ли датум за почеток на преговорите со ЕУ? Со изборот на претседател на државата – внатрешно политичката состојба во зона на стабилизација – на ред се реформите, од каде ќе почнат? Колку кадровски промени врвот на власта, но и на партиско ниво ќе бидата значајни да се врати довербата на граѓаните дека се гради општество во кое сите се еднакви. Се одбројува до одлуката за датум за преговори – дали ќе се сработи домшната задача со новиот закон за обвинителство?

Дебатираат екс пратениците Исмет Рамадани Евроатлански совет на Македонија, Ѓулистана Марковска и Нано Ружин, поранешен дипломат.


4 години од опозицискиот протест пред Владата, дел од „шарените револуционери“, но и тогашни опозиционери, а денеска функционери, кои се колнеа во паролата „Нема правда нема мир“, - барањето за оставка од пратеникот Павле Богоевски го толкуваат како хајка, оние пак кои „бомбите“ ги квалификуваа како „сечени, лепени и монтирани“ инсистирата на „метла“ - чие лицемерие го извади аудио снимката со нарачка на нешто „пола“ на површина? Дали принципите зависат од редот во кој се наоѓаат фотелјите, кои се последиците за државата од евентуален позитивен пратенички нарко-тест во Собранието?

Дебатираат Ирена Стеријовска, режисерка и дел од „Шарената револиција“ и Сашо Тасевски, актер и како што самиот вели, противник на секоја власт.


Завршија претседателските избори, се одбројува до предвремени. Какви се позициите на власта и на опозицијата за настап пред граѓаните? Ќе зачисти ли метлата на Заев или само ќе ја собере пајажината?

Дебатираме со аналитичарите Сотир Костов и Благојче Атанасоски.


Кој од министрите на ДУИ ќе биде сменет во најавената владина реконструкција? Чувствува ли министерот за економија морална одговорност за вработувањето на својата сестра во МЕПСО? За концесиите на рудниците, реформите во енергетиката, состојбите во туризмот и дали ќе има засилени инспекции за туристичките агенции пред стартот на летната сезона?

Министерот за економија Крешник Бектеши, гостува во 24 Анализа.

 


Пендаровски се сретна со европратеникот Жбиогар и најави реформи во Агенцијата за разунавање. На инаугурацијата на Пендаровски не присуствуваа претседателите на двете најголеми партии Заев и Мицкоски. Со назначувањето на Пендаровски  се очекува деблокада на процесите на релација извршна власт, претседател, законодавна власт, но се поставува прашањето дали сето ова ќе се случи со избегнување на употреба и злоупотреба на концентрацијата на власт на владејачкото мнозинство. Во очекување на датумот за преговори  со ЕУ се поставува уште едно прашање, дали најавените кадровски и квалитативни промени во редовите на извршната власт, ќе се спроведат и ќе бидат значајни.

Гости се: Павле Богоески независен пратеник, Панчо Минов пратеник - „ГРОМ“ и Фадил Зендели, пратеник - движење „БЕСА“