Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со Емин Џијан


Шест министри го напуштаат владиниот кабинет, а влегуваат четири нови имиња. Премиерот Заев одлучи лично да го преземе клучниот ресор, министер за финансии. Дали оваа веќе конципирана владина реконструкција ќе донесе суштински квалитативни промени во менаџирање на власта или е само козметичка интервенција која треба да го амортизира незадоволството?:

Гости се Имер Селмани поранешен политичар, Александар Спсеновски професор и поранешен пратеник и Гоце Пачемски експерт за односи со јавност.


Што ќе донесе реконструкцијата на владата, дали метлата ќе ја зачисти пајажината или ќе биде само пропаганден спектакл за да ја задоволи незадоволната јавност? Колку Европа е непринципиелна со недавањето датум, или можеби Брисел бара појасна борба против корупцијата и криминалот. Како успеа владејачкото мнозинство за две ипол години да ја врати во живот ВМРО-ДПМНЕ?
 
Разговараме со комуникологот Никола Тасев, професор Ѓорѓи Тоновски и аналитичарот Џелат Незири.

Уписите во средните училишта ги отворија прашањата, зошто е голем интересот за запишување во гимназиите, а помал за стручните училишта? Каков кадар продуцира образовниот систем во земјава, почнувајќи од основно, преку средно, до високо образование?

Во 24 Анализа дебатираат, Лидија Андоновска, директор на средно училиште „Димитар Влахов“, Маја Салиу, директор на средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“, Димитар Георгиев, директор на средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и Темелко Ристевски, универзитетски професор.


Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Македонија и Албанија – порачаа од Луксембург. Колку октомври ќе биде и реално октомври, зошто заклучокот за земјава и Албанија е речиси идентичен. Што доколку во октомври има ново одложување? Кој се беше против добивањето датум? Какви ќе бидат по јунското „извисување“ за внатрешната политика, ја губи ли кредибилноста Унијата, откако земјава го смени уставното име, Брисел ја остави повторно во европската чекална.

Дебатираат поранешниот премиер Владо Бучковски и поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.


Работа на брод, сезонско вработување во Хрватска, Грција, Малта. Масовно заминување на медицински кадар во Германија – квалификувана работна сила ја напушта земјава. На домашниот пазарот на труд – дефицит на стручни занаети. Дали се урива митот дека со средно стручно образование тешко се наоѓа работа? Што бараат младите, а што нудат агенциите за вработување во странство? Дали одливот на работна сила ќе изврши притисок врз приватниот сектор за раст на платите?

Дебатираат Зоран Кочоски, Коузон агенција за вработување во странство, Петар Атанасов, заменик министер за образование и Ангел Димитров организација на работодавачи.


Заев се враќа оптимист од Берлин - Премиерот тврди дека добил ветување дека во септември Бундестагот ќе даде зелено светло за преговори, со што на Европскиот Самит во октомври ќе има датум, а до крајот на годината и ќе ги отвори поглавјата. Наспроти оптимизмот на премиерот, кабинетот на германската канцеларка Меркел со штуро соопштение - кадешто воопшто не се споменува датум – туку само дека средбата била за зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Ќе седне ли на масата до крајот на годината земјава со отворено поглавје - или пак септември ќе биде новиот јуни кој владата го најави уште лани како фиксен? Што доколку и на есен Франција се' уште се противи на преговори? Ги стави ли во фиока најавите за избори и враќање на мандатот Заев до септември?
 
Во 24 анализа дебатираат Дане Талески, Сафет Бишевац и Горан Момировски.

Економијата забележа раст од 4,1 отсто во првиот квартал од годината. Ќе испорача ли стопанството ваков раст и во следните месеци? Лани рекордно салдо на странски инвестиции, но годинава стартуваше со помал број. Кои се ефектите од даночните реформи?

Во 24 анализа дебатираат: Даночниот експерт Павле Гацов, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини и бизнисменот Виктор Петков.


Ракавицата е фрлена – дали „султан“ партиите ќе прифатат радикална промена во изборниот модел? И намалување на бројот на пратеници? Отворени листи – како шанса за нов изглед на Парламентот кој би станал тоа што треба – бастион на демократијата и коректив на извршната власт. Најавениот попис – увертира за нови политички пазарања. Зошто опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува бојкот? Политичката сцена пред можни нови тектонски поместување – од Брисел се чека абер за датум за преговори со ЕУ – дали ќе го има? Ако нема датум, дали ќе има предвремени избори?

Дебатираат новинарите, аналитичари Љубомир Костовски, Исен Салиу, Љупчо Зиков и Наум Стоилковски - ВМРО-ДПМНЕ.


Новите прислушувани телефонски разговори што се објавуваат отвораат низа прашања. Кои се ги поседува и како тие се појавуваат во јавноста? Дали прислушуваните разговори се злоупотребуваат за други цели?
 
Во 24 анализа гостуваат, адвокатот Звонко Давидовиќ, и политичките аналитичари Алберт Муслиу и Самоил Малчевски.