Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали помилувањето и помирувањето се единствениот пат за изгласување на уставни измени?


Дали надлежните со апсењето на Сашо Мијалков ја компензираат политичката штета и грешките од бегството на Груевски? Што значи за владеењето на правото приведувањето на Мијалков и Орце Камчев, најспомнуваните ликови на македонската криминално транзициска магла. Има ли опозицијата реална стеатегија за подобрување на состојбите, или целата енергија ја насочува кон заштита на своите членови од криминален прогон. Дебатираме со Александар Диневски, поранесен разузнувач, Мери Јордановска, истразувачки новинар и Шптим Љатифи, политички аналитичар


Една ипол недела откако Никола Груевски наместо да оди на издржување на затворската казна ја премина границата, одгвоор и одговорност нема. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не најавува оставка, дека истргата се уште е во тек, но порач дека институциите требало да бидат координирани. На релација Македонија - Унгарија освен протесната нота, до Унгарија Европската комисија денеска бара објснување за азилот. Од таму вратија дека Брисел треба да си ги прочита сопствените извештаји за судството во Македонија. Дали Унгарија ќе биде новиот кочничар за македонските евроинтегрции или ќе добие вето и со сменето име. Кој ќе одговра и дли ќе им политичка одговорност или одговорноста ќе се сведе само за телохранителите кои го чувале. Дебатираат Огнен Малевски, поранешен амбасадор, Драган Малиновски, адвокат и Слободанка Јовановска, главен уредник на „Независен весник“


Македонските власти ги испратија документите за екстрадиција на поранешниот премиер Груевски. од Унгарија порака - Груевски не ви го враќаме. Еврокомесарот Хан очекува објаснување за азилот на Груевски. Во меѓувреме, земјава се подготвува за помирување, власта токми закон за амнестија за Крвавиот четврток. Во 24 анализа интервју со министерката за правда, Рената Дескоска.


За медицинските сестри, полицијата, одбраната, администрацијата, специјалистите, наставниците повисоки плати, зголемена социјална помош за најранливите граѓани. Обезбедени и 917 милиони евра за редовни пензии. Голем Буџет со големи планови. Дали Владата го исполни ветувањето дека ќе ги намали непродуктивните трошења? Како ќе полни и како ќе се троши новата буџетска каса? Анкета - што мислат граѓаните за досега најголемиот Буџет од 3,7 милијарди евра. Што велат економистите?

Поранешните министри за финансии – Кирил Миновски, универзитетскиот професор Никола Поповски и Фатмир Битиќи, советник во премиерскиот кабинет.


Нов заплет во „трилерот - Бегството на Никола Груевски“, премиерот Заев вели можно е Груевски да е киднапиран. Кој би можело тоа да го направи Заев не кажа, ниту пак кој ќе одговара за бегството на осудениот поранешен премиер. Каде е Груевски? Како „пред нос“ осуденикот им избега на институциите, кој ќе одговара за тоа - колку власта е дел од „заговорот“ за бегство, зошто институциите „го преспаа“ бегството, ќе најде Груевски спас во азилот на Орбан, ќе го дозволи ли тоа Европа?

Дебатираат поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија Игор Есмеров, безбедносниот експерт Благоја Марковски и адвокатот Александар Наков


Гости се Бранко Геровски, новинар колумнист и Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ.


Aко судот не го лоцира екс-премиерот Груевски ќе се бара со потерница. Одбраната бара одложување на затворската казна. Епилогот за поранешниот премиер ќе биде обединувачки и разорувачки за ВМРО-ДПМНЕ? Матичната партија на Груевски обвинува за политички прогон. Во Собранието се туркаат уставните измени, дали ќе окрупнува пратеничкиот фронт што ги подржува евроатланските интеграции? Поранешените пратеници Ѓулистана Марковска и Сафет Бишевац, политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски и Стојанче Ангелов, поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство.


Насилство, говор на омраза, меѓуетнички тензии, навивачките групи наместо промотори на спортот стануваат промотори на нестабилност. Дали, во која мерка и за кои цели политиката ги користи младите навивачи за остварување на свои цели. Како да се спречат негативните појави, потребни ли се и законски измени за безбедни натпревари и улици? Дебатираме со Иван Анастасовски, универзитетски професор, Славе Младеновски, социолог и Благојче Атанасоски, политички аналитичар.


Гостивар се уште е во тага по смртта на 17-годишната Џехја Меџити, која во понеделникот вечерта се удави во водите на Вардар, бегајќи од улични кучиња. Оовој немил настан е доказ само колку проблемот е вон контрола, реагираше здружението Анима Мунди. Владата ќе ја менува законската регулатива за да се стави крај на проблемот со кучињата скитници. Дебата со Зоран Атанасов, директор на агенцијата за храна и ветеринарство, Васко Лазаревски, советник во град Скопје, Столе Велковски, од здружението Анима Мунди. Во дебатната емисија и директни линковски вклучувања