Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Легализација на дивоградби - помош за сиромашните или амнестија за урбаниот криминал?


Заканата на Вархеји за одвојување на пакетот Албанија-Македонија се стопи после ставовите на земјите членки и високи претставници на Унијата. Што сака да постигне еврокомесарот со притискањето на Македонија да постигне договор со Бугарија? Опозицијата ги интензивира протестите, повторно го блокира Собранието, се актуелизира 27. април. Зошто се радикализира атмосферата? Пендаровски ретерираше за „Крвавиот четврток“, која е позадината на контроверзните ставови на претседателот?

Анализата на владата и опозицијата Сеад Ризвановиќ ја правеше со новинарите Александар Чомовски и Горан Момировски.


Заев во Брисел. Дали јунскиот самит ќе остане само пуста желба за датум за почеток на преговори? Бугарија пред нови избори, кој политичар од официјална Софија би посегнал да потпише повлекување на ветото? Заев и Пендаровски ги одмрзнаа односите. Дали сепак се насетува политички договор за обвинетите од 27 април? ВМРО-ДПМНЕ со  ново торпедо - 2 000 амандмани за законот за служба во армијата. Локалните избори тропаат на врата. Дали во пакет ќе има и предвремени парламентарни избори?

Дебатираа аналитичарот Алберт Муслиу, Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ и поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.


Стево Пендаровски и Христијан Мицкоски ги затоплуваат односите. Дали 27ми април станува основа за помирување на претседателот и опозицијата? Дали се подготвува нова амнестија за упадот во Собранието, договорен процес меѓу власта и опозицијата и нов театар за јавноста?

Духот на Бранко Црвенковски повторно бдее над СДСМ и Заев. Дали е реална закана или мит? Албанија пред одвојување на пакетот со Македонија и реприза на грчкото сценарио за земјава, овој пат со Бугарија. За овие теми дебатираме со аналитичатите Благојче Атанасовски и Иво Ранѓеловиќ.


Македонското здравство кубури со лекари специјалисти, а слабостите се чувствуваат токму сега за време на пандемијата.

Дали специјализантите се вреднувани и со какви проблеми се соочуваат младите лекари кои се мобилизирани во ковид центрите?

Како да се спречи одливот во странство после Ковид кризата?

Гости беа Доктор Александра Георгиева, специјализант по кардиологија и претседател на Здружение на лекари специјализанти и доктор Миралем Јукиќ, специјализант по рентгенологија.


Врие во СДСМ, се отцепуваат фракции. Пркосот на Пауновски, се повлекува Радмисла Шекеринска од заменичкото место. Што е следно во СДСМ? Незадоволство во извештајот на Греко за корупција. Критики за Љупчо Николовски, вицепремиерот за корупција.

Гости во 24 анализа се Коста Петров потпретседател на СДСМ, Миле Талески пратеник од СДСМ, Александар Тортевски адвокат и Алберт Муслиу политички аналитичар.


Фрчат нон пејпери од сите страни, првиот на Јанша го отфрлија сите, вториот за Косово за Вучиќ е сериозен документ, се подготвува ли нова промена на границите на Балканот. Дали членството во НАТО е гаранција за Македонија во евентален иден балкански немир?

За овие теми разговаравме со воено безбедносниот аналитичар Милан Стефановски, а во вториот дел од емисијата од Соединетите Американски Држави зборувавме со професорката Љиљана Стевчева, доктор на науки за епидемиологија која има предавано и на Харвард. Какви се вакцините кои се нудат и која да ја одбереме за имунизација?


Пркосот на Стојко Пауновски, јавните набавки на Драги Рашковски, Ковид 19 кризата, протести за одбрана на уставобранителите, фалсификат македонски пасоши на криминалци. Дали раната пролет најавува есенски предвремени парламентарни избори. Се ближи мајскиот конгрес на СДСМ по осум години десна рака на Заев Радмила Шеќеринска заминува од партискиот врв. Во најава - Централниот одбор го напушта и кумановски градоначалник, Максим Димитровески. Дали владејачката партија влегува во финална внатрепартиска битка? ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа протестите на уставобранителите. Има ли опозиционерот Мицкоски визија и план каде ја води партијата и каде сака да ја води државата? Се ближи тајмингот за локалните избори. Опоизцијата бара и предвремени парламентарни решение или вовед во нова политичка неизвесност?

Дебатираа Владимир Божиновски - политички аналитичар и Љупчо Зиков - колумнист.


Како се третираат пациентите кои се на домашно лекување? Кои се нивните потреби? Што им недостасува? Како се одвива вакцинацијата и дали ќе има приоритетни групи граѓани?

Гости во 24 анализа беа Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“, Македонка Митрева, професор на медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон  и д-р Бојан Трајковски, матичен лекар


Зошто во Македонија постојано постои политичка криза? Кој тера инает во Собранието - власта или опозицијата? Како потфрлуваат институциите во спасувањето на човечки животи? Ќе се цртаат ли пак балканските граници и кој посакува такви планови?

Дебатираа Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на Достоинство и со Љупчо Ристовски, претседател на Интегра.