Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Како кичот и шундот во уметноста ги урнисаа вистинските уметнички вредности?


Специјална војна против земјава или државницки гаф? Како премиерот и неговиот кабинет не сфатија рециси една година дека се мета на руските комичари? Како ова ке влијае на односите со со земјите за кој Заев зборува во разговорите? Работи ли опозицијата против националните интереси на државата со анти НАТО структури, како што ја обвинува власта? Тимот формиран, датумот неизвесен.  Ќе биде ли октомври, реално октомрви?

Дебатираат Бојан Маричиќ советник за европски прашања и главен технички преговарач со ЕУ и Илија Димовски,пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и шеф на македонската делегација на парламентарното собрание на НАТО.


Има ли владата стратегија како да го задржи медицинскиот кадар во земјава? Зошто и натаму нема лекови во аптеките после 15ти во месецот? Дали јавно приватно партнерство во здравството ќе ги поскапи услугите?
 
Во 24 анализа со Наташа Стојановска дебатираше министерот за здравството, Венко Филипче.

Уште една шанса од УНЕСКО за Охрид. За седум месеци локалната и централната власт треба да најдат решение за урбаното дивеење, за фекалиите што пливаат во езерото, за инфраструктурата, за истребувањето на пастрмката. Среде Охрид дивоградби, не под заштита на УНЕСКО, туку под заштитат на политиката – дали ќе се посегне по уривање? Долга листа на барања – од каде ќе почне градоначалникот на Охрид со исполнување на испорачаните задачи? Ќе се прогласи ли мораториум за градба? Кому му одговара Охрид да го изгуби статусот на заштитено светско наследство?

Аргумените ги соочуваат и спротиставуваат градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, Донка Барџиева – универзитетски професор и Александра Бујароска од Фронт 21/ 42 жестоки активисти за заштита на културното наследство.


Пациенти со тешки форми на рак оставени без терапија, болни на клиниките сами купуваат лекови и материјали, здравството останува без лекари и медицински сестри. Реформите на новата власт не донесоа подобро здравство ниту за здравствените работници, ниту за граѓаните. Дали милионските тендери остануваат главен фокус на здравствените политики? Како на прво место да се вратат луѓето?
 
Разговараме со претставници на независниот синдикат на Клиничкиот центар Горан Беговик и Јулија Јовановска како и со лекарот Ненад Лазаров.

„Нема правда, нема мир" -  дали оваа парола која влеваше надеж кај граѓаните за време на протестите против претходната владејачка гарнитура сега ја губи смислата? Ја губат ли граѓаните надежта дека правдата во Македонија ќе биде еднаква за сите? Паѓаат случаите на СЈО? ослободителни пресуди за Латас и браќата, Јавното обвинителство го отфрла предметот на финансиската полиција за Канќевска Милевска. Дали метлата на премиерот ги смете вистинските луѓе? Има ли владата време за вистински реформинг?  

Во 24 анализа дебатираат, професорката Мирјана Најчевска, адвокатот Звонко Давидовиќ и аналитичарот Исмет Рамадани.


Критичката јавност бара оставка од генералниот секретар на Владата, на Рашковски не му се слуша. Зошто Заев дозволува нови минуси на негово конто? Колку опозицијата има кредибилитет да бара одговорност кога со судски процеси се уште се пратеници? Колку секојдневните обвинувања на релација власт-опозиција за криминал ќе доживеат и судски завршници или, пак, судството ќе продолжи да биде во зимски сон?

Дуел на аналитички мислења меѓу Алберт Муслиу и Александар Пандов.


Економијата ќе биде во фокусот на вниманието во оваа година, најави премиерот Заев. 1 јули, прв ден од второто економско полугодие. Граѓаните ги чекаат остварувањата за ветувањата за плата од 500 евра, подобра живечка и капитални инвестиции. 

Гости во Тренд анализа се Горан Сугарески, министер за транспорт и врски и Трајко Славески, универзитетски професор


Во Брисел заврши министерскиот состанок на НАТО. Алијансата испрати силна порака до Русија, од која бара да се придржува до меѓународните договори. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска по втор пат учествува на состанок заедно со колегите од НАТО и владата очекува до крајот на годината Северна Македонија да стане полноправна членка. Телевизија 24 го следеше целиот настан во Брисел.


Нема ЕУ без зачувување на животната средина. Доколку спорот за името беше најжешката точка во политиката, отсега на патот на евроинтреграциите ќе мора да се зафатиме со најзагадените области од нашето секојдневие. 

Воздухот, почвата, водата... се само дел од иднината на дипломатијата. Што е вистина, а што политика во мерењата? Што прави државата за да ги заштити своите граѓани од штетноста на загадувањето кое го вршат тие, а скоро, пак, ништо и да не се презема во делот на едукацијата, превенцијата и реакцијата на загадувањата. 

Во 24 Анализа на овие теми разговараме со проф. д-р Сузана Јордановска од Земјоделскиот институт во Скопје, државната секретарка при Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровски, проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Трајче Стафилов од Институтот за хемија - Скопје.