Зверев преку Федерер до финалето во Лондон
Foto

Зверев преку Федерер до финалето во Лондон

Младиот германски тенисер Александар Зверев првпат во кариерата ќе игра во финалето на завршниот Мастерс во Лондон. Тој денес во полуфиналето го победи Швајцарецот и трет светски рекет Роџер Федерер со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6. Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот на вториот полуфинален меч во кој се среќаваат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република (почеток 21 часот). Мастерс во Лондон се игра за награден фонд од 8,5 милиони долари. 

0 Коментари

Остави коментари