ЗОШТО СЕ ОДЛОЖУВААТ СУДСКИТЕ РОЧИШТА?
Foto

ЗОШТО СЕ ОДЛОЖУВААТ СУДСКИТЕ РОЧИШТА?

Повеќе од 60 отсто од судските рочишта за предметите за кривични постапки низ судовите во Македонија се одлагаат, покажаа резултатите од Анализата на Коалицијата „Сите за правично судење“ спроведена во периодот од јануари до ноември 2019 година.Во скопскиот кривичен суд пак кој е надлежен за судење на сите кривични дела од организран криминал процентот на одложени судења е 49 отсто.

Извршната директорка на коалицијата, Натали Петровска објаснува дека резултатите се генерални и ги опфаќа редовните судски постапки, а не само оние од областа на организиран криминал и корупција.

Судијата Габриела Гајдова од Основниот суд Велес објаснува дека работни тела во рамките на судовите се обврзани еднаш месечно да одржуваат седници на кои се анализираат причините за застој на предметите како и нивното одлагање.

Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“ вели дека последиците од одлагањето на судските процеси се повеќеслојни и сериозни.

И покрај ваквите резултати од анализата на Коалицијата „Сите за правично судње“ Аврамовски вели дека ова не мора да значи дека во иднина тоа би влијаело на воспоставување на лоша судска пракса.

Извршната директорка Петровска вели дека во иднина треба да се работи на усогласување и координирано работење на иснтитуциите кои се вклучени во судските постапки, но и целосно екипирање на човечките ресурси во јавните обвинителства, особено во она за организиран криминал и корупција.

Анализата на Коалицијата „Сите за правично судење“ е спроведена во периодот од јануари до ноември 2019 година и е дел од проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година.

0 Коментари

Остави коментари