Зошто се крие цената на прославата за 35-годишнината од независноста?
Под мотото силно светнал ден Владата од недела го стартува едномесечниот караван на активности кои го најави во пресрет на 35 годишнината од денот на независноста 8 септември . Со почеток во 19 часот на сцената на стадионот на Биљанини извори во Охрид преку музика, глума и танц, во форма на како што велат мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на земјава. Најаваат за стратот на карванот Владата и компанијата Авалон ја организираат ја објави на социјалните мрежи
Телоп Влада на Р.С.М: Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении!Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 години независност, ќе се организира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови, а како кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.
Паралелно веќе ќе се одржуваат и музички настапи на странски диџеи
ТВ 24 и денеска побара одговор од Илинденска број 2 колку ќе чини целата организација но не одговорија на нашето прашање . Ова предизвика рекации кај јавноста но и на социјалните мрежи . Во краток разговор за ТВ 24 поранешната антикорупционерка Биљана Ивановска само кратко вели дека Владата и институциите мораат да бидат транспаентни кога се во прашање овие суми , но и да дадат одговор на јавноста за да не се добие впечаток дека нешто се прави задкулисно
Ниту Авалон продукција официјално не се произнесе за тоа колку тежи договорот со Владата како и оној за хонорарите на пеачите. Иако овие прашања беа поставени уште на првата пресконференција јавноста остана по куса за овие информации .
Кулминацијата се очекува да биде на 8 ми септември со концертот на светски познатиот диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета во Арената Тодор Проевски а картите беа пуштени по симболична цена од 35 денари а организаторот и Владата најавија спектакал но во јавноста се уште нема одговор колку ќе чини целата просалава .
Гета последен пат настапи во Скопје во 2016 година, во рамки на Skopje Calling, на тогашниот стадион „Филип Втори“, денешна Национална арена „Тоше Проески“. Настанот се одржа на 5 јуни 2016 година.

