Зошто се блокира Собранието?
Во законодавниот дом досега сме виделе речиси се, од исфрлање пратеници, бојкоти, молчење на седници, илјадници амандмани, до насилства и тепачки. Сега имаме и активна блокада на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја почна како што ја нарекоа, активната блокада на законодавниот дом за спас од националната катастрофа. Прашања и обвинувања на релација власт опозиција за тоа која е причината за малиот број на досега донесените закони. ВМРО-ДПМНЕ преку блокадата гледа излез од како што велат националната криза и начин за промена на власта. СДСМ пак бараат да се откажат од платите и привилегиите и да се стават на платен список кај нивниот лидер Мицкоски.
Добредојде во студиото на 24 отворено за пратениците од власта и опозицијата Никола Мицевски ВМРО-ДПМНЕ, Халил Снопче Алијанса за Албанците, Арбен Зибери од ДУИ и Диме Велковски од СДСМ.