Зошто нема македонски универзитет на Шангајската листа?

Недоволното вложување во научни трудови и литература, вработување професори со несоодветни дипломи, митото и корупцијата во самиот образовен процес се само едни од причините зошто нашите универзитети ги нема на Шангајската листа, а единствениот впишан на листата УКИМ од година во година е се подолу, вели професорот Рубин Земон.

Образованието го плаќа данокот на децениското носење неадекватни закони, неказнувањето на коруптивните процеси и одливот на мозоци надвор од земјата.

Мешањето на политиката и политичарите во високото образование е исто еден од пресудните фактори.Потребен е посериозен пристап кон овој комплексен проблем, а не носење ад хок решенија на законите за високо образование додава Земон.

И додека дел од јавноста покажува загриженост поради ваквите поразителни резултати на македонското образование, политичарите исттите и овојпат ги искорситија за меѓусебни политички обвинувања. Каква власт, такво образование велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет од Македонија меѓу 2000 најдобри факултети на Шангајската листа.

Од СДСМ пак обвинуваат за непотизам. Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко. Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам - велат од СДСМ.