Зошто лидерот на СДСМ играше на се или ништо?

Ќе има струја, нема покачување, пред само три недели.

Денес, покачување ќе има, струја ќе нема. 

Слабо менаџирање и дилема зошто не се увезат два танкери нафта и веднаш да се рестартира ТЕЦ „Неготино“. 

Заев од херој до антијунак. Го урна груевизмот, но не го демонтира национализмот. Зошто лидерот на СДСМ играше се или ништо? И губи се. 

Дали фракцијата на Црвенковски се враќа по неговото чедо - СДСМ? 

Од ова издание на „Трилинг“ (не)реално со Моџо. Новата рубрика во „Трилинг“ како мисловна провокација.

Новинарот и автор на емисијата „Во центар“ Васко Ефтов, поранешната пратеничка и граѓански активист Ивана Туфегџиќ, Игор Панчевски експерт за енергетска ефикасност и Марјан Ненов електроинженер и граѓански активист.