Зошто лидерите им ја киднапираа кампањата на кандидатите за градоначалници?
Орли, врапчиња, загари, предавници, криминалци, неспособни - ова е само дел од комплиментите кои лидерите на големите партиите на овие избори си ги упатуваат меѓу себе.
На митинзите че чуете и за ресет на системот и за уривање на арамковниот договор, и за црвените линии и македонските неинтеграции и уставните измени, за бугарските барања Теми кои апсолутно ништо немаат со реалите проблеми на граѓаните, кои во одредени општини во 21 век немаат ни основни услови како канализација .Кандидатите за градоналаници како одминува кампањара го губат приматот и се во втор пклан. Како и зошто лидероте им јакиднапораа кампањата.
Според дел од аналитичарите има повеќе причини за тоа. Од фактот како што велат што дел од нив се борат за преживување, до фактот што дел од големите партии се борат за факторизација.
Како што кампања влегува во последната недела, така се заострува и реториката, црната кампања, меѓусебните обвинувања, но и закани кој после 19 октомври ќе заврши со кривични пријави и пред ОЈО.

