Зошто фондацијата на Врабески лаже за битолските средношколци?!
По објавата на бугарската фондација „Бугарска Меморија“ со тврдење дека учениците од Битолското техничкото средно училиште биле на екскурзија во Софија и дека се стомисленици на Иван Михајлов, во македонската јавност се појавија реакции и контрареакции со демант за вистинитоста на оваа наводна посета.
- Младите кои се истомисленици на Бугарскиот културен центар Иван Михајлов Битола беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Бугарската Фондација за градење добрососедски односи. За време на престојот учениците слушаа историско предавање за Националната гарда, на кои учествуваше и основачот и претседател на Фондацијата Бугарска меморија Милен Врабевски, - објави на својот веб сајт фондацијата Бугарска меморија.
Директорката на учелиштето во демант до медиумите, изјави дека информ,ацијата од фонфдацијата на социјалните мрежи е лажна и дека патувањето, било дел од програмата Еразмус плус.
- Ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, Стои во ракцијата на Сервини
Локалниот огранок на Левица бара итно разрешување на директорката.
- Левица од Битола бара итно да се разреши директорката Жанета Сервини поради злоупотреба на ученици како истомисленици на Фашистичкиот Клуб Ванчо Михајлов, и дека ги претставила учениците од битолското средно Техничко училиште како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
И ОД СДСМ пак со обвинување дека директорите кои биле поставени од ВМРО ДПМНЕ ги злоупотребувале македонските ученици за бугарскиот клуб.
Од ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛАТ, СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.
- Целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси, се вели во реакцијата.