Зошто авионот на „Ер Србија“ откако полета кон Москва, беше вратен од Белград?

Политички шпекулации за бегство или непочитување на безбедносните протоколи – во фокусот на српската јавност, авионот на „Ер Србија“ кој вечерта полета кон Москва, но беше вратен во Белград. Во авионот биле Александар Вулин, поранешен министер за одбрана и внатрешни работи на Србија, Ненад Поповиќ, министер без ресор во техничката влада, и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Официјално, „Ер Србија“ соопшти дека авионот бил вратен бидејќи морало да се повтори безбедносната проверка на еден патник. „Дури кога слетавме во Белград нè известија дека мораме да поминеме низ сосема нова процедура“, изјави Бајатовиќ за Н1.