Зошто академската заедница е изолирана од решавањето на современите проблеми?

Сите бараме брзи и волшебни решенија од науката, ама никој не сака да ја работи. Веќе докажаните умови одат во пензија, младите надежи заминуваат во туѓина. Имаме научници од светски калибар, а научните установи не ни се ниту во првите 1.000 во светот. Алармот во високото образование е одамна запален, Буџетот е доволен само за преживување. Зошто и каде се разидуваат патиштата на науката, политиката и општеството? Зошто академската заедница е изолирана од решавањето на современите проблеми? Што и’ стои на патот на македонската наука?

За ова и многу повеќе со професор доктор Трајче Стафилов.