Зоран Кастратовиќ во Аргумент плус: Очекувам пласман на македонската ракометна репрезентација во втора фаза

Ракометниот тренер Зоран Кастратовиќ во Аргумент Плус рече дека очекува македонската ракометна репрезентација да се пласира во втората фаза на Светското првенство. Според него, вечерашниот дуел со репрезентацијата на Унгарија ќе биде многу динамичен и сериозен.

„Од моето искуство сметам дека колку што ќе ни биде тешко нам, исто толку ќе им биде и на Унгарците. Со добар напад може да се победи еден турнир но со добра одбрана може д се постигнат поголеми резултати и сметам дека фокусот треба да биде на одбраната. Јас секогаш велам дека најдобро е да имате еден гол повеќе од противникот и тоа е сосема доволно за победа.“, рече Кастратовиќ.

Тој потенцираше и дека перформансите на голманите ќе бидат од големо значење за победа на оваа утакмица.