ЗНМ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
Foto

ЗНМ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Здружението на новинарите на Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со Народниот правобранител, со цел да им се помогне на граѓаните подобро и поквалитетно да бидат информирани, а истовремено и да се штитат нивните права, како и правата на новинарите.

Народниот правобранител Иџет Мемети наведе дека и покрај тоа што многу се зборува во земјата дека правата на новинарите се заштитени, сепак, во реалноста, како што рече, не е токму така. Истакна дека во иднина со знм ќе можат заеднички да ги промовираат човековите права и слободи. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски рече дека потпишувањето на меморандумот покажува дека остварувањето на правата на новинарите, не е важно само за новинарите, туку е многу важно за целата јавност.

0 Коментари

Остави коментари