ЗНМ потпиша декларација со парламентите од регионот за унапредување на дијалогот
Здружението на новинари на македонија заедно со претставници од парламентите од земјава, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина потпишаа декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан.
Претставници на четирите парламенти заедно со новинарските здруженија се договорија секоја година да организираат регионална конференција во една од земјите во регионот. Овој состав во наредниот период би требало да се прошири со Албанија и Косово.