ЗНМ остро го осуди нападот врз редакцијата на „Инфомакс“, бара итна реакција од институциите
Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди нападот што се случил во редакцијата на интернет-порталот „Инфомакс“. Од Здружението на новинарите го оценија инцидентот како сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Оттаму додаваат дека ваквото однесување може да биде опфатено со одредбите од членот 382 од Кривичниот законик, според кое, за спречување службено лице во вршење службено дејствие се предвидени казни до три години затвор.

